2.1 C
Прилеп
недела, 24 ноември, 2024
Пела Радио

Во чест на празникот доделeни престижните Третоноемвриски награди на град Прилеп

По повод  80 години од  Денот на ослободувањето на Прилеп, со свечена седница на Советот на Општина Прилеп, синоќа беа доделени традиционалните Трето – ноемвриски награди на најзаслужните граѓани, компании и здруженија на градот Прилеп.

Годинава, градот додели: осум дипломи, десет плакети и две награди за животно дело: на Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеленски г.Петар, за огромна ревност и оданост за верата , кој секогаш стоел и стои на браникот на националните интереси на нашата држава Македонија и православниот народ во неа и на Жарко Башески македонски скулптор, професор, уметник, кој неколку децении го промовира својот роден град Прилеп.

„Во овие осум децении, Прилеп се менуваше, растеше, се соочуваше со предизвици, но секогаш остануваше верен на своите вредности. Наша обврска е сега, од почит кон минатото, да создаваме иднина во која ќе владеат солидарноста, напредокот и заедништвото“ ја започна Свечената седница Претседателката на Советот на Општина Прилеп, Ирена Стерјовска Локвенец.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, честитајќи го 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп,  го истакна значењето на овој празник  за Прилеп и во своето обраќање нагласи:

„Денес oддаваме почит на хероите, за нивната жртва, за тоа што ги дадоа своите животи за слободна и самостојна Македонија и за ослободувањето на нашиот град од фашистичкиот окупатор. 80 години подоцна, стоиме тука со една прекрасно воспоставена традиција на овој голем ден за Прилеп и прилепчани со тоа што оддаваме признание на граѓаните чии индивидуални и колективни достигнувања придонесле за подобрување на животот во нашиот град. Како градоначалник на Прилеп сакам да упатам еден апел дека е потребно да бидиме сплотени и да се избориме заедно за поголем локален економски развој, подобра инфраструктура, квалитетно образование и напредок во сите други области. Во таа насока Локалната самоуправа изминатиов период работеше на тоа и ќе продолжиме максимално посветени, и во наредниот период имаме планирано и ќе започнеме со изградбата на капиталните проекти за општина Прилеп, уште нови кружни текови во нашиот град, потоа уште една нова катна гаража, нови водоводни и канализациони мрежи, нови спортски и рекреативни игралишта, субвенции насочени кон граѓаните и многу други и тековни и нови значајни проекти на кои што сме посветени, се со цел овозможување на подобри услови за живот на сите наши сограѓани. Целта е една и единствена – да го направиме Прилеп достојно место за живеење, за нас и за нашите деца, блиску до нас, во нашиот град и во нашиот дом! Почитувани прилепчани, бидете горди со вашите достигнувања и успеси и продолжете да не правите и нас горди што сме ваши сограѓани. Посакувам заеднички да се радуваме на сите идни успеси на Прилеп и на нашата татковина Република Македонија.“

На свечената Седница на Советот на Општина Прилеп, која се одржа во големата сала на НУЦК „Марко Цепенков“- Прилеп, пред голем број на прилепчани и гости,  во присуство на пратеници, заменик-министер за економија, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање, и преставници од православната црква беа доделни: Дипломи по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп на: Никола Павлески, младински првак во шах, Елена Ртоска за особен придонес во развивање на екстремните спортови, Билјана Тинтоска за постигнат успех во воспитно-образовната и книжевната дејност, Ивана Атанасоска,  светска олимпијада по геонауки, Трајче Зуљамоски, педагог, спортист волонтер хуманист, Љупче Петрески за придонес во општествениот културно-уметничкиот и духовниот живот во Прилеп, Јован Аврамоски за пожртвуваност и посветеност во областа на заштита и спасување, Марјан Јованоски, солист, првенец н македонска опера и балет;  Награда – Плакети, по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп на: Австралиско-Македонско друштво „Методија Андонов-Ченто“ од Сиднеј за негување на традициите и донации за најмладите во спортот, Центар за развој и едукација Прилеп за успешна реализација на услугата помош и нега во домот, ФК Големо Коњари за постигнати резултати и придонес во спортот, здружнеито Мариовско-Мегленски средби  за успешно реализирани настани од областа на културата и фолклорот, Научениот институт за тутун за научно истражувачка, образовна, апликативна, производна и издавачка дејност, МАТАДОР за успешна и општествено одговорна компанија, Ликовна колонија- Дрен за повеќегодишно меѓународно уметничко творештво, Друштво за производство, трговија и услуги ВИК МАКЕДОНИЈА ДOОЕЛ с. Алинци Прилеп за општествено одговорна компанија, ООУ ,,Климент Охридски’’-Прилеп за постигнати успеси во воспитно образовниот процес и реализирани проекти, Прилепска Пиварница за 100 годишно постоење во општествено-економскиот живот во Прилеп, додека најпрестижната награда што градот ја доделува за високи достигнувања на лица или институции , Наградата за животно дело – Златна плакета, по повод „3-ти Ноември“ Денот на ослободувањето на Прилеп, им  беше доделена на: Жарко Башески македонски скулптор, професор, уметник, кој неколку децении го промовира својот роден град Прилеп и на  Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеленски г.Петар за огромна ревност и оданост за верат , кој секогаш стоел и стои на браникот на националните интереси на нашата држава Македонија и православниот народ во неа.

Инаку, чествувањата по повод 80 годишнината од ослободувањето на Прилеп од фашистичкиот окупатор, под мотото „80 години со љубов за Прилеп“ градот ги започна неколку дена порано, со низа културни и спортски манифестации и со полагање венци и свежи цвеќиња на спомениците од хероите, кои своите животи ги дале за слободата на Македонија со што Прилеп достоинствено ја чевствуваше 80 годишнината од  Денот на своето ослободување.

Би можело да ве интересира

Почна плаќањето преку шалтерите во прилепската Пошта со провизија од 35 денари

Елизабета Филипоска

Повеќе прилепски улици без напојување со електрична енергија во вторник 16 ти јули

Преговори или избори, кој е ставот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе