Деновиве се одржа 53-от Државен фестивал на непрофесионален филм на Македонија.На истиот учество зедоа 49 филмови во неколку категории.Меѓу наградените на оваа манифестација беа и документарниот филм Прилеп Наша Македонија како и играниот филм за Методиј Патчев на тимската работа на прилепчаните Марјан Беџоски и Никола Димески.Тие се закитија со второ место , сребрен медал во двете конкуренции.
Наградите беа доделени во кинотеката на Македонија во Скопје а организацијата беше на Кино сојузот на Македонија и Народна техника на Македонија а со подршка на Агенцијата за филм на Македонија.