16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Издашноста на Студенчица намалена, Прилеп се снабдува и од градските бунари

Јавното комунално претријатие Водовод и канализација Прилеп известува дека заради намалена издашност на Регионалниот водовод Студенчица, за потребите на градот се ставени во функција да се користат алтернативните градските бунари.

„Поради неповолните временски услови и големата суша, изворот Студенчица има намалена издашност на вода, што значи дека не ги задоволува потребите од вода за пиење во градот. ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп вложува максимални напори тој недостаток да го надополни со алтернативни извори на вода и затоа ги пушти во работа Градските бунари. Се замолуваат корисниците за трпение и разбирање за новонастанатата ситуација, затоа што при пуштањето на бунарската вода во водоводниот систем се очекува да дојде до поголема флуктуација на водата и до одредени органолептички промени на истата. Тие можат да бидат во форма на поголема заматеност на истата, „заробен“ воздух и слично. Нашите стручни служби постојано се на терен, работат и ја контролираат целата ситуација, “ стои во соопштението од ЈКП Водовод и канализација Прилеп.

 

Би можело да ве интересира

Прилепчани се вакцинираат против сезонскиот грип. Ставени првите бесплатни вакцини

Советот на Општина Прилеп утре ќе ја одржи 27 та седница

Подај рака,биди човек -дарувај храна

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе