5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Прилепчани нема да престанат со блокади – камионите Бехтел и Енка активирани

Од утринава, жителите на Оревоец и прилепчани повторно се на протести и блокади кај селото Оревоец. Камионите на конзорциумот Бехтел и Енка за потребите на изградбата на коридорот 10 д автопатот Прилеп – Битола се повторно активни при тоа со заштита од полицијата (присуство на 50 тина полициски службеници .

„Утрово забележавме дека има активности на работната механизација на Бехтел и Енка и поголемо присуство на полициски претставници. Веднаш се екипиравме од  месното население го блокиравме локалниот пат за да не може механизацијата да влегува и излегува од местото. Уште од утрово веќе излегле 2 – 3 камиони со материјал. МВР ни кажува преку командирот да се отстранат возилата, да се се приведат присутните и дека тоа ќе го сторат по секоја цена. Во моментов постапката е на одлучување за времена мерка пред Апелациониот суд во Битола и сега ваквата наредба е апсолутно незаконита ако се знае дека ЈП за државни патишта е странка во постапката и дека се очекува исходот во постапката. Најмалку што можеше директорот на ЈП за државни патишта – да го сочека исходот на постапката за изрекување на времена мерка, па потоа да презема вакви можам да речам режимски мерки. Ова апсолутно наликува на време на кое се сеќаваме сите дека власта е појака од сите мафии во државата, вели Жарко Стеваноски, адвокат и правен застапник на ореовчани и прилепчани.  

Граѓаните велат дека не се откажуваат со протестите и блокадите.

„Ние продолжуваме понатаму и ако денес ги кренат возилата со пајак службата наутро пак ќе има возила овде, веднаш после нивното кревање овде. И ако можат да ги кренат сите возила  од град Прилеп, слободно нека продолжат со ваквите активности,“посочува Стеваноски.

Барањата на жителите на Оревоец се:

Врз основа на вештање обезбедени во судска постапка и утврдено дека ископот тука  е штетен по здравјето, водоснабдувањето, и по стабилноста, односно по статиката на објектите. Ако некој решил да брише цели села од мапата на оваа држава слободно нека повели, ова е чинот на кој што ние се спротивставуваме, вели Стеваноски. 

Би можело да ве интересира

Прилеп: Двајца новозаболени, 5 мина излекувани

Гордана Цветаноска

Од 1-ви декември најлонските кеси ќе чинат 15 денари

Елизабета Филипоска

Парите и храната за „Тримири„ донирани – за хуманоста на „Преродба“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе