9.1 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО)Најмладите прилепски новинари во посета на Радио Пела

Учениците од ООУ „Климент Охридски“ формираа медиумски клуб под менторство на наставничката Јулијана Талеска. Учат за медиумската писменост, за мобилно новинарство, за новите медиуми, учат како се негува македонскиот литературен јазик.

Која е целта, идејата и како ќе функционира медиумскиот клуб „К“ разговаравме со менторката, наставничка Јулијана Талеска и уредничката Бојана.

Медиумскиот клуб „К“ од ООУ „Климент Охридски“ Прилеп е прв кој што функционира во едно основно училиште во градов. Годинава основнците од ова училиште заедно со средношколците од медиумскиот клуб од СОУ „Орде Чопела“ ќе „запловат“ во брзите и немирни води на новинарството, ќе се запознаат со основните поими и техники на создавање медиумски содржини.

Медиумската писменост денес во македонските училишта е се’ позастапена и уште од мали нозе се изучува во основните училишта. Овие медиумски клубови влеваат надеж дека во услови на се’ помала заинтересираност за новинарската професија во Македонија, Прилеп е на добар пат да ја осигура својата иднина.

Би можело да ве интересира

Прилеп започнува со предизвикот„ботл флип“ за почист свет

Елизабета Филипоска

Водата од јавните чешми во 7 села и од две крајпатни чешми не е исправна

Гордана Цветаноска

Започна постапката за собирање потписи за независните листи за локалните избори

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе