11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Почина последниот АСНОМ- ец,прилепчанецот Перо Ивановски – Тиквар

Почина последниот АСНОМ- ец,прилепчанецот , Перо Ивановски – Тиквар (28 април 1920 –  28 јуни 2018).Тој  беше учесник во НОВ и учесник на Првото заседание на АСНОМ.

По Ослободувањето работел во ОЗНА, а потоа раководел крупни стопански организации (директор на ФАС „11 Октомври“ и на Железарницата во Скопје). Од 1967 до 1973 година бил претседател на Извршниот одбор на Комерцијална банка.

На 10 -ти октомври 2014 година, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, го одликува Перо Ивановски – Тиквар со „Орден за заслуги за Македонија“ поради „неговиот исклучителен придонес во остварувањето на вековниот стремеж на македонскиот народ за слобода и зачувување на својот идентитет и создавање на сопствена, самостојна, суверена и демократска држава.“.

Претседателот Иванов тогаш истакна дека „учесниците на Првото заседание на АСНОМ се основоположниците на македонската државност. ”.

Перо Ивановски – Тиквар уште како млад кожарски работник, па потоа и тутунарски работник ја почувствувал експлоатацијата и се вклучил во револуционерните раздвижувања на работништвото во кралска Југославија. Во 1936 година станал член на СКОЈ, а во 1938 година на КПЈ. По 1938 година станал секретар на Месниот комитет на КПЈ за Прилеп. Од септември 1940 до август 1941 година е организациски секретар на ПК КПЈ за Македонија. Во октомври 1940 година бил делегат на Петтата земска конференција на КПЈ. Во 1940 е сменет од ПК од страна на Методија Шаторов – Шарло, но кон крајот на истата година бил вклучен и во работата на МК КПЈ за Скопје, а набргу по расчистувањето со Шарло врши должности и во МК на ПШ на НОВ и ПОЈ за Македонија.

Во април 1942 Ивановски е уапсен од бугарската агентура кај селото Голозинци, Велешко. При апсењето се обидел да се самоубие, но не му успеало. Осуден е на 15 години робија. На 20 јуни 1944 година, заедно со Васил Ивановски, Димитрија Алексовски – Пекари Никола Димитровски – Грчето, успева да избега од затворот „Идризово“ и веднаш се приклучува во Третата македонска (кумановска) бригада. Потоа, до 25 септември 1944 година е политички комесар на 11 бригада, па на 42 бригада завршно со 48 дивизија на НОВ и ПОМ. Пишувал за органот на НОФ за Македонија, „Илинденски пат“.

 

Би можело да ве интересира

Хуманитарен гест за почит и поттик, прилепските фризери, бербери, козметичари со донаторска акција за пациентите и персоналот во болницата

Гордана Цветаноска

Заклучен Избирачкиот список за претседателските и парламентарните избори

Пела Редакција

Прилеп, во спомен на Карпалак, 17 години подоцна…

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе