16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Победникот на „Никогаш не е доцна“ Сашо Башески со нова преработка (ВИДЕО)

Прилепчанецот Сашо Башески, победник на минатата сезона на познатото балканско музичо шоу „Никогаш не е доцна“ (Никад није касно“) денес на социјалните мрежи промовираше нов музички запис.

Станува збор за преработка на македонската народна месна „Еј мори Маре“, придружена со спот, снимен во Прилеп.

Огромно е задоволството да се соработува со еден од најдобрите машки вокали во Македонија но голема е и одговорноста да се направи обработка на македонска народна песна а да не се поместат границите на културното наследство! Се надевам дека ќе ужувате во нашето музичко парче кое Сашо Башески извонредно го интерпретира…-напиша на својот профил на Фесбук, музичарот Мендо Ташкоски

Новиот музички материјал на Башески е во продукција на WOW MUSIC. На хармоника настапува Мендо Ташскоски, на кларинет Димитар Настески, на гитара Марјан Стоименов-Џика, а аранжманот го направи Mендо Tашкоски.

Аудио материјалот е снимен во MY music studio во Прилеп.

Башески имаше успешен настап и на музичкиот фестивал Фолк фест-Валандово.

 

 

Би можело да ве интересира

Наместо со претстава, низ фотографии одбележана 71 година од постоењето на прилепскиот театар

(ВИДЕО) Заврши 59 МТФ „Војдан Чернодрински“

Од 12 октомври Македонците за влез во ЕУ ќе мора да дадат отпечатоци од прсти и да бидат фотографирани

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе