Македонските фудбалери во квалификациите за мундијалот во САД , Канада и Мексико ги дознаa своите противници.Една група од добро познати ривали каде ќе бараат место за учество на првиот мундијал од 48 репрезентации, а во нив се селекциите на Белгија , Велс , Казахстан и Лихтенштајн.
Квалификациски групи за Светското првенство во 2026 година:
Група Ј:
Белгија, Велс, Македонија, Казахстан, Лихтенштајн
Група А: Италија/Германија, Словачка, Северна Ирска, Луксембург
Група Б: Швајцарија, Шведска, Словенија, Косово
Група Ц: Данска/Португалија, Грција, Шкотска, Белорусија
Група Д: Франција/Хрватска, Украина, Исланд, Азербејџан
Група Е: Шпанија/Холандија, Турција, Грузија, Бугарија
Група Ф: Данска/Португалија, Унгарија, Република Ирска, Ерменија
Група Г: Шпанија/Холандија, Полска, Финска, Литванија, Малта
Група Х: Австрија, Романија, Босна и Херцеговина, Кипар, Сан Марино
Група И: Италија/Германија, Норвешка, Израел, Естонија, Молдавија
Група К: Англија, Србија, Албанија, Летонија, Андора
Група Л: Франција/Хрватска, Чешка, Црна Гора, Фарски Острови, Гибралтар
Пласман на Мундијалот од европската зона ќе обезбедат победниците од групите, додека второпласираните ќе одат во бараж со четирите најдобропласирани репрезентации од Лигата на нации кои нема да изборат пласман преку квалификациите.