7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

УЈП апелира: Угостителите за претстојните празници да работат во согласност со законите!

УЈП потсетува на обврската на купувачите да бараат фискални сметки и на тој начин да бидат даночно усогласени. Потрошувачите на добра, односно корисниците на услуги, при купување должни се:

„Да побараат фискална сметка и истата да ја чуваат по напуштање на местото на прометот на доброто, заради контрола. Секој граѓанин има право и обврска да ги пријави недисциплинираните даночни обврзници кои не ги исполнуваат своите обврски и не издаваат фискални сметки.“

Управата за јавни приходи врши контроли на терен на цела територија на државата. За угостителите кои нема да издаваат фискални сметки или нема да ги почитуваат законските обврски, ќе бидат преземени соодветни мерки и поведени прекршочни постапки согласно Законот за прекршоци, Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП) и Закон за даночна постапка (ЗДП) и тоа преку издавање на прекршочен платен налог.

Доколку обврзниците ја платат глобата во рок од 8 дена, износот на истата се преполовува, но доколку глобата не се плати во зададениот рок, УЈП поднесува барање до Комисијата за поведување на прекршочна постапка и изрекува забрана за вршење на дејност во траење од 15 дена, сѐ до моментот на плаќање на глобата и отстранувањето на неправилноста.

Во случај, даночните обврзници да не се усогласат со Законот за регистрирање на готовински плаќања, при повторна контрола УЈП има право веднаш  да изрече забрана за вршење на дејност во траење од 30 дена.

Стопанствениците регистрирани даночни обврзници кои закупиле штандови за продажба на пијалаци, храна и други производи на организиран простор за прослава за претстојните празници, имаат обврска да користат одобрен фискален апарат, во доволен број, и за секоја услуга, односно за секоја продажба да издаваат фискална сметка. Воедно, во книгата на дневни финансиски извештаи да го евидентираат остварениот промет за секоја фискална каса навремено, а најдоцна наредниот ден да го уплатат дневниот промет на трансакциска сметка кај носителот на платен промет.

Испраќаме апел и до сите физички лица кои ќе вршат продажба на производи од времен карактер, како дел од базари или новогодишни и божиќни настани на отворен или затворен простор, а сè уште се немаат усогласено со Законот за данок на личен доход (ЗДЛД), да поднесат Барање за паушално плаќање на данокот од вршење на дејност од времен карактер, во подрачната единица на УЈП каде што ја вршат дејноста, со цел да им се издаде решение со утврдени аконтации на данокот на личен доход и налози за плаќање на данокот за остарениот приход во периодот додека ја вршеле дејноста.

УЈП апелира да се придржувате кон законските обврски и да бидете одговорни даночни обврзници!

Би можело да ве интересира

Финалето на Пивофест со: The For, Кал бенд, Даниела Мартиновиќ и Cyrillic

Гордана Цветаноска

Мало Коњари 9 години чека канализационен систем со функционална пречистителна станица!

Финишираат натпреварите на светиниколскиот турнир во мал фудбал – расте адреналинот за завршницата (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе