16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Работниците на протести во Скопје, Владата ќе расправа за Еурокомпозит

Група од 40 тина работници од Еурокомпозит, како што најавија вчера, од утринава поставија шатори пред Владата и велат дека ќе останат таму се до решавање на нивниот проблем. Причината за тоа е како што велат од синдикалната организација неисполнетите барања и ветувања од страна на владиниот тим за решавање на децениската социјална агонија- неисплата на плати, неподмирување на придонеси. Според најавите на премиерот Зоран Заев, кој денеска присуствуваше во работна посета на Прилеп и пуштање во употреба на новата Пречистителна станица, состојбата на Еурокомпозит
денеска ќе биде во рамките на посебна точка на седницата на Владата.
– Суштината е дека Владата ги исполнува ветувањата но, продукција никако не се случува во Еурокомпозит, и во ред, двете страни имаат оправдување. Веднаш по завршувањето на пуштањето во употреба на овој прекрасен објект имаме седница на Владата, иако седницата ја води вицепремиерот Радмила Шеќеринска, таа точка е последна со цел да присуствувам на расправата. Станува збор за „купување месеци“ додека не заврши комплетната процена за објавување на продажба. Паралелно со тоа, планираме и пакет за испраќање технолошки вишок на оние вработени кои сакаат да заминат. Конечната цел ни е интересот на работниците, а секако и иднината на Еурокомпозит зашто се надеваме дека ќе продолжи со производство на материјали за безбедносните служби во земјава, но и производи за извоз, одговори премиерот Заев на новинарско прашање во врска со конечното разрешување на сеуште отворените прашања на прилепскиот загубар Еурокомпозит.

Би можело да ве интересира

Работат, а џебовите празни- работниците во Македонија примаат плата под минималецот

Од утре 900 производи со намалена цена како дел од акцијата “новогодишна кошница“

Пела Редакција

На младите им треба поддршка и поттик за „зелено“ претприемништво во руралните средини

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе