Друштвото на ликовните уметници од Прилеп, вечерва од 19.00 часот во прилепското кафуле Лувр, ќе ја претстави последната изложба за годинава.
Проектот е насловен „Избери ме“, а носител е ликовниот уметник и ликовен педагог Александар Џинго. Овој проект како што вели тој, е сублимат на уметниковото суштествување и идеалот на сопствената филозофија.
Со свои дела ќе се претстават уметниците Кирил Гегоски, Александар Џинго, Емил Солески, Елена Димоска, Методи исков, Маја Ралева Миладиновски, Славчо Павлоски, Филип Јовески, Верче Николовска, Марајн Стојаноски, Филип Перески, Стефан Анчевски, Дарко Талески.
Всушност „Избери ме“ претставува обелоденување на душата на уметникот и повикува на интеракција со набљудувачот за разбудување на важноста на уметноста во секојдневниот живот. Да се избере, е да се остави простор на секој уметник да ја понуди својата естетска вистина Преку уметничкото дело да ја избериме уметноста како највисок фактор за препознавање на една култура, традиција и цивилизациски развој-велат организаторите.
Проектот е поддржан од Општина Прилеп.
Филип Димкоски