16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Денеска е прв ден, почеток!

Првиот ден од Новата година: почеток на надежи и ветувања. Денеска е прв ден, почеток!

Првиот ден од Новата година доаѓа како празно платно, како нова страница на книгата наречена живот. Денес улиците се потивки од вообичаено, а воздухот носи чувство на исчекување – повик за подобри времиња што допрва треба да дојдат.

Ова утро е посветло од минатото, затоа што надежта за промена свети појако од проблемите што останале зад нас. За некои, празничната магија уште трае, пружајќи чувство на топлина посилно од зимскиот студ. За други, новата година е само уште еден обид да се избега од предизвиците што ги натежнуваат деновите.

Животната состојба денес се споредува со огледало – за едни, одразот покажува напредок, подобри економски можности и лична реализација. За други, тоа е непријатен потсетник дека многу работи остануваат исти. Но, подобро е да  го “скршите“ ретровизор. Зашто тоа зад нас,  е само зад нас-  не се повторува и не се враќа!

Денес сепак, разликите помеѓу оние кои ја слават новата година со трпези и подароци, и оние кои го дочекуваат денот без основни ресурси, се повидливи од било кога. Но, дури и во ваква состојба, новиот почеток носи шанса за промени. Социјалната солидарност, инспирацијата за нови проекти и посилната волја за исполнување на соништата ја прават разликата. Она што е важно е што денес, повеќе од вчера, светот е обединет во заедничката желба – да биде подобар за сите нас.

Нека овој ден биде поттик да ги направиме нашите постапки посилни, нашите срца поотворени и нашите планови пореални од секогаш.

Среќна и надежна нова година за сите!

Елизабета Филипоска /новинар/

Би можело да ве интересира

Иницијатива за законски измени со реални цени, фер откуп и иднина за тутунопроизводството

Звукот на моторите ја “раздрмаa“ мото крос арената во Лагово

Поради дефект не функционира бројот 193

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе