-3.3 C
Прилеп
недела, 12 јануари, 2025
Пела Радио

Македонија пат: Oд превентивни причини ЗАБРАНА за тешки товарни возила на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурниte екипи на Македонија пат информираат од Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта.

Забрани за тешки товарни возила од превентивни причини има на следниве патни правци, Гостивар-Маврово-Дебар,Гостивар-Стража-Кичево,на планиските премини Пресека, Плетвар, Ѓавато, М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос и Делчево – г.п. Делчево.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Со целокупната механизација и работна сила Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта – Македонија пат работи на терен во расчистување на државните патишта, информираат од ова јавно претпријатие. Воедно, вклучени биле и компании во расчистување на снегот стои во соопштението до јавноста:

ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта – Македонија пат, со целокупната механизација и работна сила е на терен и во континуитет врши расчистување на државните патишта.   Исто така на располагање се ставени и “трети лица” (компании кои соработуваат со ЈП Македонија пат)  и истите се вклучени во расчистување на снегот на магистралните и регионалните патишта.   Апелираме до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови со кажест снег на коловозот и затоа апелираме да се следи временската состојба и сите граѓани кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта. ЈП Македонија пат во континуитет ја следи состојбата на државните патишта и соодветно реагираат со целокупната механизација на терен, соопштуваат од Македонија пат.    

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да се добијат на дежурениот телефон 02 25 61 502.

Би можело да ве интересира

Пожар во близина на манастирот Св.Преображение – Крушево

Елизабета Филипоска

Статијата за употреба на машка форма во женските презимиња предизвика лавина од реакции

Пела Редакција

Пристигна опремата за младинските фудбалски школи, донација од Австралиско – Македонското друштво „Методија Андонов – Ченто“ од Сиднеј

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе