В недела, на 19 ти,на Богојавленије Водици во 10,оо часот , главниот водосвет со полагање на Светиот Крст во водите ќе се одржи во базенот во дворот на црквата Св Благовештение. Во осветените води по положениот Крст ќе влзат 22 деца. Најпрви во 7 часот во црквата ќе се одржи Света Архиерејска Василиева литургија. А, рано утрово, традиционалното е и пуштањето на гулабите, коа е една интересна традиција која со векови опстојува во Прилеп. Гулабите се симболика на Светиот дух кој што според Светото Писмо во вид на гулаб слетал на реката Јордан во моментот кога Исус Христос бил покрстен.
Светото фрлање на крстот ќе се одржи i во 15 населени места.
Општинските власти, пак, Водици, однсоно водосветот со полагањето на Светиот Крст во водите, го организираат на базенот од аквапаркот на хотелот „Салида“. Настанот е во 12,оо часот и веќе се пријавени 100-тина учесници кои ќе скокаат во осветенитте води во базенот, за да го фатата Светиот Крст. Се верува дека они кои ќе се фрлиат во ладните води по светиот крст , годината ќе им доноесе здавје, среќа, благосостојба и бериќет, а оној кој ќе го фати крстот, е најсраќниот.
Празникот Водици, инаку, се празнува два дена. Првиот, 19 јануари, е познат под имињата Богојавление и Водици, но во некои краишта се спомнува и како Војордание или Машки Водици. Вториот ден, 20 јануари, е празникот Собор на Свети Јован Крстител, познат и како Женски Водици, кога главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените. На тој ден, именден слават сите чие име е изведено од името Јован.