30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Волчески: Возев кога дознав за номинацијата 13 величествени (ВИДЕО)

Aко публиката е најдоброто мерило за успехот на еден актер, Илија Волчески и во филмот и во театарот постојано ја освојува публиката, со талентот, но и со харизматичноста.  Минатата година тој оствари и главна улога во претставата „Галеб“  од Антон Павлович Чехов во продукција на Народен театар-Битола,  чија премиера се одржа во рамки на Охридското културно лето.

Вели дека, особено му е значајна номинацијата за 13 величествени бидејќи доаѓа од медиум во неговиот град и од неговите сограѓани.

Притисокот во родниот град е најголем и натешко е да се докажеш пред својата публика-вели тој во разговорот за Радио Пела. 

Покрај тоа што во континуитет е активен во театарски, филмски и телевизиски проекти, се уште  не е вработен во ниеден македонски тетар.  Но неговите љубов и посветеност кон глумата се посилни од препреките и му овозможуваат успешно да се остварува во својата професија.

Дали во Македонија,  може да се опстои како хонорарец, кои се неговите планови за 2025, но и како дознал за номинацијата, дознајте во разговорот со Илија Волчески и секако изберете за кого ќе го дадете својот глас на нашата анкета 13 величествени.

 

Ф.Д.

Би можело да ве интересира

„Петок во пет“ во Прилеп со инспиративни приказни и нови идеи

Пела Редакција

Авто Контрол од утре,11 ти февруари, недела, ќе доделува НМК налепници

Пела Редакција

Градската библиотека се поднови со 100 наслови, најмногу белетристика

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе