Активностите за првиот месец од годинава, Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе ги заокружи со претставата „Како што сакате“ (Ноќ спроти водици) во изведба на Кумановскиот театар кој со оваа претстава гостува во програмата на НТ „Војдан Чернодрински“. Претсавата ќе биде прикажана в петок на 31 јануари, од 20.00 часот на сцената на прилепскиот театар.
„Како што сакате“ е современа адаптација на драмата на Вилијам Шекспир „Ноќ спроти
Водици“, опишана како негова најсмешна комедија.
„Вртлог на згрешени идентитети и невозвратена љубов. Никој не е она што е и сѐ е возможно. Зошто таа замена на родови идентитети е толку смешна во театарот со векови, а толку застрашувачки сериозна, а понекогаш и брутално трагична во реалниот живот. Кај Шекспир, тоа е едноставно: машко или женско? Како што сакате“, стои во најавата на претставата.
Улогите ги толкуваат Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Антонио Димитриевски,
Нина Максимова, Анастасија Величковиќ, Александра Пешевска, Давид
Илиќ и Никица Јанковски.
Претставата е во режија Срѓан Јанаќијевиќ, драматург е Симона Тоскиќ, сценографијата е на Марија Ветеровска, костимограф е Лидија Георгиева, а композициите се на Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски.
Ф.Д.