16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Божиновски: Сите прилепчани треба да одат во музеј да го видат најстариот надземен храм (ВИДЕО)

Синоќа, во градската библиотека „Борка Таслески“ во Прилеп, се одржа промоција на книгата „Вонбилансна евиденција“ од авторот Вангел Божиновски.

Вангел Божиноски е архитект, сценограф, новинар, историчар и архитектонски критичар, меѓународен туристички водич и колумнист.

Книгата содржи објавувани текстови во периодот 1984-2024 година. Содржините се објавувани како колумни во печатени медиуми, радиозаписи, архитектонски проекти и реализации, археолошки локалитети претставувани на туристички тури и како поетски претстави за настаните што ја бележат македонската реалност. Сите овие текстови се на страниците на книгата што има намера да ја пренесе генезата на македонските состојби видени низ доживеаното во сензориумот на авторот.

Повеќе за книгата но и за видувањата на авторот, поврзани со архитектурата, археологијата и историјата на Македонија дознајте во интервјуто на Радио Пела.

 

Ф.Д.

Би можело да ве интересира

ГРАФИЧАРИТЕ ОД ПРИЛЕП НАЈДОБРИ НА КОНКУРС ОД УЈП

За благословен почеток на учебната година Mолeбен во црковните храмови, утре, сабота 30 ти август

Пела Редакција

ВО ПРИЛЕП „СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД“ – ТРАДИЦИЈА ЗА ПОЧИТ (ГАЛЕРИЈА)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе