19.7 C
Прилеп
вторник, 16 јуни, 2026
Пела Радио

Петар Мирчески: Хемијата ме однесе во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Еден од младите прилепчани во категоријата Величествени, кој го привлече медиумското внимание а предизвика интерес и даде придонес во развојот на науката во Прилеп, е младиот научник Петар Мирчески. Тој во 2024 година се закити со сребрен медал на Светската олимпијада по хемија во Саудиска Арабија.

На оваа Олимпијада се натпреварувале претставници од 80 држави од целиот свет, за да ги покажат своите знења од областа на хемијата. Петар отпатувал во Саудиска Арабија и се натпреварувал со околу 300 учесници. Петар е прв македонски олимпиец кој остварил ваков висок резултат-сребрен медал!

Хемијата е дел од неговиот живот, постојано учи и истражува и веќе се подготвува за новите натпревари. Тој годинава ќе биде матурант во гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп, сигурен е дека ќе продолжи по патот на науката, но размислува своето образование да го продолжи надвор од државава.

Дознајте повеќе за олимпиецот Петар, во разговорот што го направивме со него во студиото на Радио Пела.

 

Ф.Д.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојковиќ: Оптимистички гледаме како ново раководство на иднината на ФК Победа

Никола Димески

Салмонела кај 38 лица кои јаделе иста храна во фабрика во Прилеп

Пела Редакција

Да, потребна ни е ДРУГАРИЗАЦИЈА!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе