10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

Еурокомпозит пред стечај, 120 работници технолошки вишок?!

Владата на Република Македонија на 78-мата седница, донесе одлука да го измени заклучокот од претходната, 77-ма седница и согласно новиот заклучок ја задолжи компанијата „11 Октомври – Еурокомпозит АД Прилеп“ да достави барање за позајмица од вкупно 11 милиони денари (6 милиони денари од АД ЕЛЕМ – Скопје и 5 милиони денари од АД МЕПСО – Скопје). Со оваа измена, на вработените во оваа компанија наместо по една, ќе им бидат исплатени по две плати.
„Стечајот може да заврши со задржување на вработените и продолжување на работата на капацитетот, како што беше со ФЕНИ. Тој модел ќе се обидеме да го примениме и на Еурокомпозит, наместо долгиот процес за приватизација“ истакна денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев, одговарајќи на новинарски прашања.
Како што потенцираа владините претставници во преговорите со синдикалната организација, се бараа стратешки парнер – инвеститор за излегување од неколку децениската агонија на компанијата. Вработените очекуваат до петок да земат по 30.000 денари како две плати кои се одобрени преку позајмица, додека пак веќе се направени списоците за 120 вработени за технолошки вишок кои се испратени до Владата. Штрајкот и протестите завршија во петокот и 3 дена без прекини се одвива производниот процес во компанијата.

Би можело да ве интересира

Во Крушево започна уште едно меѓународно параглајдинг првенство

Гордана Цветаноска

Од пештерското сликарство до билборди – сите гласови на човечкото тело

Пела Редакција

(Фото) Крушевските матуранти синоќа прославија матура, а напладнe го oдиграа танцот „Квадрил”

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе