-3.2 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

СВР Битола: Третина од исконтролираните возачи добија казни

Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (19.02.2025) продолжија со засилените сообраќајни контроли на патиштата. Притоа, вкупно беа издадени 116  платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а наплатени се 35 платни налози.
Според статистичките показатели од 380 вкупно исконтролирани возила и возачи,прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење повторно предничат така што евидентирани се вкупно 42 прекршоци, притоа откриени возачи што управувале возило без возачка дозвола –14, како и возачи кои што управувале возила под дејство на алкохол-2. Покрај ова изречени се и  6 платни налози по основ на некористење сигурносен појас, потоа 7 – по основ на говорење на мобилен телефон при возење, откриени се и 17 непрописно паркирани возила, 7 прекршоци за управување на нерегистрирани возила.
Сообраќајните контроли на СВР Битола продолжуваат и во наредниот период при што апелираме до возачите и пешаците да ги почитуваа сообраќајните правила и прописи.

Би можело да ве интересира

Изгоре 442.074 м3 дрвна маса – пошумување задолжително на есен

Елизабета Филипоска

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ПРИЛЕП

Гордана Цветаноска

Тешка сообраќајка кај Ропотово

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе