11.9 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

Со панел дискусија и концерт завршува „Недела на театарот“

Со претставата „Кокошка“ по текст на Николај Кољада, во режија на Марјан Георгиевски, вечерва на сцената на НТ „Војдан Чернодрински“, гостува Народниот театар Битола, во рамки на „Недела на театарот“ органзирана по повод 75 години од постоењето на прилепскиот театар.

Утре пак од 20.00 часот ќе биде прикажана претставата „Бура“ во продукција на НТ „Војдан Чернодински“.

„Неделата на театарот“ ќе заврши в недела, на 23 февруари со панел дискусија насловена „Од „Кир Јања“ до „Ученикот“  во просториите на театарот, која ќе биде модерирана од Александар Еленин.По панел дискусијата е закажана за 18.00 часот, во фоајето на театарот, концерт ќе одржи прилепската музичка група Тхе Хоундс (The Hounds).

Од годинешниот конкурс за финансирање на проекти од културата од национален интерес, на Министерството за култура и туризам, одобрени се три претстави кои во текот на 2025 ќе бидат поставени на сцената на НТ „Војдан Чернодирнски“. Станува збор за „Три сестри“ од А. П. Чехов, во режија на Дејан Пројковски, „Ловец од ржта од Џ.Д. Селинџер, во режија на Мартин Кочовски и „Чиста куќа“ од Сара Раул, во режија на Тамара Стојаноска. Поддржано е и одбележувањето ја јубилејот, 75 години од постоењето на театарот, а во однос на меѓународната дејност, поддржано е гостувањето на претставата „Бура“ на фeстивал во Верона.

Би можело да ве интересира

Новогодишен концерт на учениците од Музичкото училиште Прилеп

Пела Редакција

По седми пат изложба на фотографии „Јордан Зазоски Зазо“

Елизабета Филипоска

Од утре Прилеп ќе го има командирот на Полициската станица избран на Совет на општината

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе