16 C
Прилеп
недела, 13 октомври, 2024
Пела Радио

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(19)

Пишува Зоран Момироски

  • ПРЕД ИЗБОРИТЕ СИТЕ ОД ПРВИТЕ ЛУЃЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО ПРИЛЕП  ВЕТУВАА, НО СЕГА НИКОЈ ОД НИВ НЕ ЗНАЕ КОГА ЌЕ БИДЕ ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА  ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ,,ТОЧИЛА“?!? ЕДНА ДЕБАТА ЗА МОБИЛИЗИРАЊЕ НА ЗАЕДНИЦАТА ЗА ИНИЦИРАЊЕ ДОИЗГРАДБА НА ОВОЈ ОБЈЕКТ ОТВОРИ СТОТИНА ПРАШАЊА, КОИ НА КРАЈОТ ОД РАСПРАВАТА ОСТАНАА БЕЗ КОНКРЕТЕН ОДГОВОР. ПРЕТХОДНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ОРТОПЕД ДОКТОР ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ ВЕТУВАШЕ ДЕКА ГРАДИНКАТА ЌЕ БИДЕ ИЗГРАДЕНА ЗА СЕДУМ МЕСЕЦИ И ВО НЕА ВО ДЕКЕМВРИ 2021 ГОДИНА ЌЕ БИДАТ ЗГРИЖЕНИ  250  ДЕЦА. СЕГАШНИОТ ОРТОПЕД ДОКТОР БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ВЕТУВАШЕ ДЕКА ТОА ШТО НЕ ГО ЗАВРШИЛ НЕГОВИОТ МЕНТОР И КОЛЕГА ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ ТОЈ СО НЕГОВИОТ ПОБЕДНИЧКИ ТИМ ЕКСПРЕСНО ЌЕ ГО ДОВРШИ И ТОА  ВО ТЕКОТ НА ОВАА ГОДИНА. СЕГА ПАК, НЕГОВАТА ЗАМЕНИЧКА ИРЕНА СТЕРЈОСКА-ЛОКВЕНЕЦ НЕ САКА ДА ПРЕЦИЗИРА И ДА ВЕТУВА РОКОВИ. БИДЕЈЌИ, ПОКРАЈ ДРУГИТЕ ПРОПУСТИ, ГРАДИНКАТА ВРЕДНА 133.000.000 ДЕНАРИ  Е ПРОЕКТИРАНА БЕЗ ОГРАДЕН ЅИД И НАЈБРЗО ШТО Е МОЖНО ТОЈ ЌЕ БИДЕ КОМПЛЕТИРАН. ТОА МУ ДОЃАА КАКО ОНАА НАРОДНАТА ,,ПОЧЕКАЈ КОЊУ ДО ЗЕЛЕНА ТРЕВА. ГИ СЛУШАМ ОБРАЗЛОЖУВАЊАТА И СЕ ПРАШУВАМ: ДОБРО, КАКО И СО КОИ ПРЕСМЕТКИ СЕ ПРАВАТ ОВИЕ ПРЕДИЗБОРНИ ПРОГРАМИ? СЕ ВЕТУВА СЕ’ И СЕШТО, А НАРОДОТ НЕ ДОБИВА  НИШТО! И, ИСТИОТ ТОЈ НАРОД И НАТАМУ ВЕРУВА НА ТОА ШТО МУ СЕ КАЖУВА, А НЕ НА ТОА ШТО МУ СЕ ИСПОЛНУВА. НАМЕСТО ДА СЕ ВОДИ ДЕБАТА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ДЕТСКИТЕ ГРУПИ ВО ГРАДИНКИТЕ, НАМЕСТО ДА СЕ ДЕБАТИРА ЗА НОВИ МЕТОДИ ВО СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЦАТА, ОВДЕ СЕ РАСПРАВА ЗА ГРАДИНКА КОЈА СЕ ГРАДИ ДВЕ ГОДИНИ, АМА НИКАКО ДА СЕ ДОГРАДИ.

 

  • ЕЛЕОНОРА КОСТОВСКА ЈОВАНОСКА, СТРУЧНО ЛИЦЕ ЗА РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ, НАУЧНО И СТРУЧНО ПРЕДУПРЕДУВА ДЕКА ДЕЦАТА НЕ СЕ ,,СУВЕНИР“, НАПРОТИВ, ТИЕ СЕ ИДНИНА КОЈА ТРЕБА ПРАВИЛНО ДА СЕ ВОСПИТУВА И НАСОЧУВА. ВО ПРВИТЕ ШЕСТ ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ ДА СЕ НАСОЧУВА И ВО СЕМЕЈСТВОТО И ВО ПРЕДУЧИЛИШТНИТЕ И УЧИЛИШТНИТЕ УСТАНОВИ. КАЖУВА И СЕ ТРУДИ ЖЕНАТА ДА ОБЈАСНИ ШТО ПОДОБРО И ПОСТРУЧНО. АМА, НАМЕСТО ПРЕД РОДИТЕЛИТЕ ТАА ОБЈАСНУВА ПРЕД ДЕДОВЦИ И БАБИ. ПОКАНЕТИТЕ СОВРЕМЕНИ ,,ТОП“ МАЈКИ НИКАДЕ ГИ НЕМАШЕ. НЕКОЈА БИЛА АНГАЖИРАНА ПОРАДИ ТЕРМИН НА ПЕДИКИРИ И МАНИКИРИ. ДРУГА СО ТЕРМИНИ КАЈ ФРИЗЕРКИ И ФРИЗЕРИ. А, ТРЕТИ ПО БУТИЦИ И ПАРФИМЕРИИ. А, ЗА ВОСПИТУВАЊЕ И ЛЕКУВАЊЕ НА ДЕТЕТО НЕ МУ СЕ ПОТРЕБНИ СТРУЧНИ УКАЖУВАЊА И НАСОЧУВАЊА! ТИЕ СЕ СОВРЕМЕНИ И  МАЈКИ И ТАТКОВЦИ. ТОА ШТО НЕ ИМ Е ЈАСНО ЌЕ СИ ГО ПРАШААТ ГУГЛ (GOOGLE). ТОЈ ЗНАЕ СЕ’ И ЌЕ МУ ДАДЕ ОДГОВОР. ТОА МУ ДОАЃА ДЕКА СТРУЧНИТЕ НАСОКИ ЈОВАНОСКА МУ ГИ КАЖА НА ТИЕ, НА КОИ ШТО, ВНУЦИТЕ ГИ ТРЕТИРААТ КАКО ВИСТИНСКИ СУВЕНИР, БИДЕЈЌИ КАКО РОДИТЕЛИ ПРЕТХОДНО ЈА ЗАВРШИЛЕ РАБОТАТА СО СВОИТЕ ДЕЦА.

 

  • БИ ,,СВАДБА,,ПОМИНА. ГРАДСКАТА СЛАВА СВЕТИ НИКОЛА СО ИЛИ БЕЗ СОВЕТНИЦИТЕ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ ПОМИНА. КОМЕНТАРИТЕ СЕ РАЗЛИЧНИ. ОД ТОА: ДАЛИ ХРАНАТА ИМ Е ДОДЕЛЕНА НА СИРОМАШНИТЕ, НА ИЗНОМОШТЕНИТЕ И БОЛНИТЕ, ИЛИ ПАК НА ЗАЕДНИЧКА ТРПЕЗА ВО ЕДЕН ПРИЛЕПСКИ РЕСТОРАН СЕДНАА ДА ЈАДАТ И ПИЈАТ И НАЈАДЕНИТЕ И НАПИЈАНИТЕ. НОВ ДОМАЌИН ЗА ДО ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ГАЗДАРИЦАТА, ИРЕНА ЈАКИМОВСКА И КОМФИ АНГЕЛ. САКАМ ДА ГИ ПРАШАМ СЕГАШНИВЕ КОИ ДОГОВОРААТ, МОЛАТ И БАРААТ НОВИ ДОМАЌИНИ, ЗОШТО СЕКОЈА ГОДИНА ТОА КАКО ДА МУ СТАНА ОБВРСКА НА  ЛУЃЕ ОД РЕАЛНИОТ СЕКТОР ОД ПОЗНАТИ ФИРМИ  ИЛИ ПОДЕИНЦИ СО ЕПТЕН ДЛАБОКИ ЏЕБ? ЗОШТО НИКОЈ НЕ ИМ ПОНУДИЛ ДОМАЌИНЛАК И ОРГАНИЗАЦИСКА ПОМОШ НА ПРИЛЕПСКИОТ ЕСНАФ, НА ПРИЛЕПСКАТА ЧАРШИЈА, НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЗАНАЕТЧИИ НА ПРИЛЕП. ПОРАНО ЕСНАФОТ БИЛ УМОТ И РАЗУМОТ НА ГРАДОТ. СЕГА  ТОЈ ЕСНАФ НИТУ НЕКОЈ ЗА НЕШТО ГО ПРАШУВА, НИТУ СО НУЖНОТО ВНИМАНИЕ ГО ПОЧИТУВА. ОСВЕН КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ИНСПЕКЦИСКИ ГРАДЕЖНИ ИЛИ ДАНОЧНИ КОНТРОЛИ.

 

  • РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ РЕШИЛО ДО НАШ ПРАВОСЛАВЕН БОЖИК ДА НЕ ОДРЖУВА ПРЕСОВИ И ДА НЕ ЈА НАПАЃА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ. ВНИМАНИЕТО ИМ БИЛО СВРТЕНО И НА ГОЛЕМО СЕ СПРЕМАЛЕ ЗА СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ НА КОЈА ЌЕ СЕ РАСПРАВА ЗА НОВИОТ БУЏЕТ НА ОПШТИНАВА, НО И ЌЕ ГО БАРАЛЕ КРТОТ ОД СВОИТЕ РЕДОВИ  КОЈ НА ПОСЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ НАВОДНО СО 85 ИЛЈАДИ ЕВРА ЈА ПОМОГНАЛ КАМПАЊАТА НА СЕГАШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ. СЛУШАМ И НЕ МОЖАМ ДА СИ ПОВЕРУВАМ НА ОВАА НИВНА СТРАТЕГИЈА. ТОЈ КРТ И КРТЧИЊАТА ОКОЛУ НЕГО ГИ ЗНААТ И ЧАВКИНЕ ШТО ГО ,,СЕРАТ“ ПОЛА ГРАД, А ВИЕ СЕГА ЌЕ СТЕ ГО БАРАЛЕ ГЛАВНИОТ СО НЕГОВИТЕ ПОСЛУШНИЦИ?! ОВА МУ  ДОАЃА КАКО ОНАА ,,СЕЛОТО  ГОРИ“ А ЦАКИО СО ДРУЖИНАТА СЕ ЧЕШЛА!

 

  • СЕДИ ЕДЕН МОЈ ПРИЈАТЕЛ СО ПОГОЛЕМО ДРУШТВО ВО ДОМАШНА АТМОСФЕРА. НАМАЛО ШТО ПОПАМЕТНО ДА РАЗГОВААРАТ, ТИ ОТВОРИЛЕ ТЕМА КОЛКУ ПРИЛЕП Е ОСВЕТЛЕН ВО ВЕЧЕРНИТЕ ЧАСОВИ ОСВЕН ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ И КОМУНАЛНАТА ТАКСА ШТО СЕКОЕ ДОМАЌИНСТВО ЈА ПЛАЌА СО СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА – 184 ДЕНАРИ ЗА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ. ДИСКУСИЈАТА И МАТЕМАТИКАТАТА СТИГНАЛА ДО ТАМУ, ШТО ПОЧНАЛЕ  ДА ГИ БРОЈАТ СИЈАЛИЦИТЕ КОИ СЕ ПОСТАВЕНИ НА УЛИЦИТЕ И КОЛКУ ОД НИВ СВЕТАТ. ОДНОСНО, КАКО СЕ ОСВЕТЛЕНИ УЛИЧКИТЕ И СПОРЕДНИТЕ УЛИЦИ. ПРИТОА КОНСТАТИРАЛЕ ДЕКА НАМЕСТО СЕКОЈА СВЕТИЛКА ШТО Е ПОСТАВЕНА, СЕКОЈА ТРЕТА СВЕТИ И ЗА ТОА ГРАЃАНИТЕ ПЛАЌААТ 184 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО. НА ШЕГА МУ ВЕЛАМ: АМАН НЕ СПОМНУВАЈ ЖИТИ СЕ’, ОТИ СИТЕ  ПРЕД ДА ДОЈДАТ НА ВЛАСТ ОДАТ НА ЧАСОВИ ПО ,,СПЕЦИЈАЛНА“ МАТЕМАТИКА!!! ВО НИВНАТА МАТЕМАТИКА НИКОГАШ ДВА ПЛУС ДВА,НЕ СЕ ЧЕТИРИ, ТУКУ ИЛИ СЕ ПЕТ ИЛИ СЕДУМ, А НЕКОГАШ И ДЕВЕТ. ВО НИВНАТА МАТЕМАТИКА НЕМА ПАРНИ БРОЕВИ. ИМА САМО НЕПАРНИ БРОЕВИ. ВЕДНАШ ЌЕ ПРЕСМЕТААТ АКО САКАТЕ ДА СВЕТИ СЕКОЈА СВЕТИЛКА ТОГАШ ЌЕ ПЛАЌАТЕ ПО 552 ДЕНАРИ. ОДНОСНО ЗАОКРУЖЕНО 610 ДЕНАРИ. МЕ ГЛЕДА И МИ ВЕЛИ: „ЗНАЕШ ДЕКА СИ ВО ПРАВО, НА АРАМИШТАВА НИКОГАШ НЕ МУ Е ДОСТА!“

 

  • ГЕНТЕРМ  ДОНИРАЛА МАШИНИ ЗА ПЕРЕЊЕ И ПЕГЛАЊЕ ВО БОЛНИЦАТА ВО ПРИЛЕП. ПОМОШТА Е ПРИФАТЕНА, А ГЕСТОТ ПОФАЛЕН. ОВАА ОДГОВОРНА КОМПАНИЈА МЕЃУДРУГОТО РЕШИЛА ДА ПРАВИ УШТЕ ЕДНА ДОБРИНА. ДОНЕЛА ОДЛУКА ДА ИМА ОТВОРЕН КОНКУРС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СИТЕ ЖЕНИ, СЕСТРИ, БРАТУЧЕДИ И ПРИЈАТЕЛКИ ОД СЕГАШНИ ФУНКЦИОНЕРИ НА РАБОТНИ МЕСТА ОПЕРАТОРИ. ПЛУС ДОПОЛНИТЕЛЕН БОНУС, БИДЕЈЌИ СЕ СО ПРЕПОРАКИ ОД ПОСЕБНИ ПРИЛЕПСКИ ПОЛИТИЧКИ ВИП  ЛИЧНОСТИ. ОВА СЕ РАЗБИРА Е ШЕГА, БИДЕЈЌИ ТОА, РЕТКО ИЛИ ВООПШТО НЕМА ДА СЕ ОСТВАРИ, НАПРОТИВ ВАКВИ ОТВОРЕНИ ОГЛАСИ ИМА И  ВО ДРУГИТЕ ФИРМИ ОД РЕАЛНИОТ СЕКТОР. АМА ЕТЕ ОВИЕ ПОНУДИ ЗА ЖАЛ РЕТКО ИЛИ НИКОЈ НЕ ГИ ПРИФАЌАЛ. СИТЕ ГИ ЗГРИЖУВААТ НА СИГУРНО НА ДРЖАВНА ,,ЦИЦКА“. ЗА ВОЛЈА НА ВИСТИНАТА РЕТКА И ЕДИНСТВЕНА БУДАЛА БИЛ И ОСТАНАЛ ГОРАН СУГАРЕСКИ. ЕКС ПРАТЕНИК, ЕКС МИНИСТЕР ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ, ЕКС ДИРЕКТОР НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА И ЕКС КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ОД СДСМ,А СЕГА КОМУНАЛЕН ИНСПЕКТОР НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ. ТОЈ ЈА ЗГРИЖИЛ СВОЈАТА СОПРУГА ВО РЕГИОНАЛНАТА СТОПАНСКА КОМОРА, Е ОВАА ИНСТИТУЦИЈА Е ВО СОПСТВЕНОСТ НА РЕАЛНИОТ СЕКТОР.

 

  • СИН УБИЛ ТАТКО ВО СЕЛЦЕ. ПА НЕКОИ МАНГУПЧИЊА ТИ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЕЦ ПРИ ИЗВРШУВАЊЕ НА СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ. ЕДНА СО ДРУГА ГРУПА СЕ ТЕПАЛЕ НА УЛИЦА СОТКА ГОРЃИОСКИ. ДЕНОВИВЕ СТАНУВА ОД СПИЕЊЕ ЕДЕН НАШ СОГРАЃАНИН ВО НАСЕЛБА ,,ЃОГДЕРЕ“, СЕ ПОДГОТВУВА ДА ОДИ НА РАБОТА, ГЛЕДА – НАМЕСТО КОЛЦА ,,МЕРЦЕДЕСОТ“ ПАРКИРАН НА БЕТОНСКИ БЛОКОВИ!!! ГУМИТЕ УКРАДЕНИ КОМПЛЕТ СО СЕ БАНДАШИ! НЕОФИЦИЈАЛНО СЛУШАМ НИШТО ПОДОБРО НЕ ПОМИНАЛЕ И ПОВЕЌЕМИНА КОИ СО АВТОМОБИЛИ ГО ПОСЕТИЛЕ СВЕТИНИКОЛСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ВО ФИСКУЛТУРНАТА САЛА ОД ОУ „ДОБРЕ ЈОВАНОСКИ“. КУТРИ ЛУЃЕ ОСТАНАЛЕ БЕЗ АКУМУЛАТОРИ. ЛЕТОВО, НАВЕЧЕР, ДОДЕКА КРСТАРЕА СПЕЦИЈАЛЦИ И ИНТЕРВЕНТНА ПОЛИЦИЈА ОД СКОПЈЕ ГЛУВЦИВЕ НИКАДЕ ГИ НЕМАШЕ. СЕГА НЕШТО СЕ РАШЕТАЛЕ. АЈДЕ ШТО ЧЕКАТЕ ВИЕ ОД „БОРКА УТОТ“, ЕДЕН ,,КОШ“ ВЕ ИМА!!!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ (23)

Пела Редакција

Објавен Јавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Никола Димески

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (47)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе