Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска беше отворена изложбата на маски изработени од учениците од основните и средни училишта од Прилеп и од општина Долнени. Со тоа започнаа активностите за годинашниот карневал „Прочка 2025“. Околу 300 маски изработени од ученици и наставници-ментори, беа дел од оваа традиционална изложбата која се одржува по повод карневалот „Прочка“, а на која својата креативност, умешност и идејност ја изразуваат децата.
Тука беше ежето што потсетува колку е штетно по здравјето пушењето, Ленка, сурати изработени од природни материјали, карневалската дама, лав, робот изработен од рециклирана хартија … И уште многу други оригинални креации кои можат да се видат само на оваа традиционална изложба во чија основа е изработка на маски од еко материјали.
Не само изработката но, важни беа и пораките кои се испраќаат со креацијата. Најиновативната маска „Паметното еже“ изработена од Матеј Тодоров, деветтодделенец во ООУ Блаже Конески порачува: СЕКОЈА ИСПУШЕНА ЦИГАРА Е БОЦКА ПО ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ!
Ова се наградените маски:
ГРАН ПРИ НАГРАДА: Дамјан Јанкулоски- ООУ Кирил и Методиј, с. Подмол
НАГРАДА ЗА ТРАДИЦИОНАЛНА МАСКА: Хана Ајровиќ-ООУ Пере Тошев, с. Десово
НАГРАДА ЗА ЈУНИОР МАСКА: Градинка Наша Иднина-Бончејца
НАГРАДА ЗА НАЈДОБРИ МАСКИ ВО СРЕДНИ УЧИЛИШТА:
- Андреј Бешески – СОУ Ѓорче Петров
- Тамара Блажеска- Гим. Мирче Ацев
- Маја Гулабоска- Гим. Мирче Ацев
НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА МАСКА ОД 1-5 ОДДЕЛЕНИЕ: Дама од Природата IV 3- ООУ Добре Јованоски
НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА МАСКА ОД 6-9 ОДДЕЛЕНИЕ:
- Ивана Проданоска – ООУ Кире Гаврилоски
- Мелани Ристеска – ООУ Гоце Делчев
- Јоана Џинго – ООУКочо Рацин
НАГРАДА ЗА НАЈИНОВАТИВНА МАСКА:
- Паметно Еже – Матеј Тодоров-ООУ Блаже Конески
- Ленка – ООУ Добре Јованоски IV 1
- Јован и Димитар Дамјановски – ООУ Кочо Рацин