15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Апел од кочанчани: Не правете настан за гледаност од ова, ова не е приказна за кликови, ова е човечка болка

На социјалните мрежи се појави повторен апел од жителите на Кочани каде замолуваат да не се прави настан за гледаност од нивната трагедија. Како што се вели во апелот тоа не е приказна за кликови туку тоа е човечка болка.

Го пренесуваме нивниот апел во целост.

Како да напишеме, како да објасниме, како да ве замолиме? Дали и по оваа трагедија повторно треба да клекнеме на колена? Веќе сме клекнати… од болка, од тага, од немоќ.

Почитувани новинари, медиуми, Не правете настан за гледаност од ова. Веќе кружат видеа од пред куќите на починатите, од нивните пријатели што со солзи ги подготвуваат за последното збогум. Ова не е приказна за кликови, ова е човечка болка.

Почитувани граѓани, на ова тажно парче земја ве молиме, не ги споделувајте нивните видеа. Покажете револт, игнорирајте ги текстовите што ја претвораат трагедијата во сензација. Така ќе покажеме почит кон загинатите, кон нивните семејства, кон нашиот град.

Молете се!

Нека ни даде Господ сила на сите“,  стои во пишаното.

Би можело да ве интересира

Поскапуваат горивата

Пела Редакција

Маж во Прилеп нападнат од неговиот син и внук

10 милиони денари за уредување на  вечното почивалиште на Тоше

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе