Вечерва, со почеток од 20.00 часот, во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, концерт на духовна музика насловен „Звуците на литургијата“ ќе одржи црковниот хор „Св. Петка“.
Концертот кој ќе содржи возвишени мелодии и молитвениз звуци на светите напеви, посветен е на трагично загинатите во пожарот во Кочани, со принесување молитва за нивните души.