15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Од денеска трговците ќе мора да ги објавуваат цените на интернет

Согласно новиот Правилник, од денеска сите мали, средни и големи трговци што вршат малопродажба се обврзани секојдневно да ги објавуваат цените на своите производи на своите веб-страници, преку јасно означен дел „Ценовник“.

Цените мора да бидат достапни без најава или регистрација, а ажурирањето да се врши до 10 часот секој ден. Дополнително, ако се нуди некој попуст, задолжително мора да се наведе и редовната цена, процентот на намалување и времетраењето на акцијата.

Доколку биде констатирана грешка на трговецот ќе му биде даден рок од 24 часа истата да ја отстрани.

Оваа обврска не се однесува на микротрговци кои имаа обрт на средства под 50 илјади евра годишно.

Би можело да ве интересира

Снегот пристигна – Крушево и Пелистер под снег (фото и видео)

Изнемоштените и болните до полноќ да се пријават ако сакаат да гласаат за претседателските избори

Прилепските млади поети меѓу најдобрите на Балканот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе