19.3 C
Прилеп
среда, 30 април, 2025
Пела Радио

IN MEMORIAM Почина Никола Здравески, прилепската фудбалска легенда

На 54-годишна возраст синоќа почина Николче Здравески, еден од најголемите легенди на фудбалскиот клуб Победа , човек со кои се врзани најголемите успеси на прилепскиот тим во самостојна Македонија.

Здравески беше капитен на Победа за време на првата шампионска круна на прилепскиот тим, а потоа и тренер на тимот кога ја освои и втората титула. Ја предводеше екипата на Победа на легендарните натпревари против Парма во 2000 година, еден од најдобрите тимови кои дошле во Македонија со многу фудбалски ѕвезди како Буфон, Канаваро, Аморозо, Дино Баџо, Милошевиќ, Турам, Консеисао…

Здравески, сакајќи да го пренесе своето искуство и знаење,  активно работеше и со млади категории.

Неговиот спортски дух, темперамент, љубов кон фудбалот и Победа,  прилепчани вечно ќе го паметат.

Погребот е на новите гробишта во Прилеп, во 15, оо часот.

 

 

Би можело да ве интересира

РАКОМЕТ БИТКАТА ЗА ОПСТАНОК ПОЧНУВА ОД СКОПЈЕ

Гордана Цветаноска

ЖЕНАТА – СТОЛБ ВО СЕМЕЈСТВОТО, ОПШТЕСТВОТО И ИНДУСТРИЈАТА!

Елизабета Филипоска

„Петорка“ на Победа против Тетекс во првото коло од ВФЛ

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе