15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Убедлива победа од 10:0 на прилепската футсал екипа на Европско

Убедлива победа на вториот ден од Европското првенство во футсал, на екипата на СОУ „Ристе Ристески Ричко“ од Прилеп. Во вториот натпревар со екипата на Унгарија 3 прилепските средношколци победија со 10:0.

Стрелци: Андреј Петрески 2, Бернис Селимоски1,Теодор Ѓероски 1, Димитар Оклески 1,Ведран Мегленски 3 и Бруно Стефаноски постигна 2 гола.

Во првиот натпревар кој што се одигра вчера на стартот од Европското првенство во футсал (машки), кое се одржува во Бања Лука од 10 до 16 мај, СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ – Прилеп  против селекцијата на Словачка одигра нерешено 4:4. Во исклучително тежок и неизвесен натпревар, учениците покажаа голема борбеност, квалитет и спортски дух.

Третиот меч од групната фаза се игра денеска во 15:30 часот против Белгија.
Европското првенство е наменето за ученици до 18 години и обединува 15 екипи од целиот континент. Покрај Македонија и Словачка, учество земаат и претставници од Белгија, Бугарија, Црна Гора, Чешка, Унгарија, Молдавија, Србија, Словенија и Република Српска.
Македонската делегација во Бања Лука: Виктор Анѓелевски, Мартин Деркоски, Теодор Героски, Ведран Магленски, Леонид Митрески, Димитар Оклески, Давид Паскоски, Андреј Петрески, Бернис Селимоски, Бруно Стефаноски.
Тренер: Илија Ангелески. Помошен тренер: Христијан Митрески. Судија: Димитар Здравески.

Против Белгија за првото место во групата

Денеска во 15:30 часот ги очекува последниот и клучен натпревар од групната фаза против Белгија.

Математиката е јасна – со победа на овој дуел, момците на тренерот Илија Ангелески најверојатно ќе завршат како првопласирани во својата група, што би им донело полесен противник во следната фаза и би го потврдило епитетот на едно од најпријатните изненадувања на шампионатот во Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

(Фото) ЧЕСТИТКИ! Трето место за фустал екипата на Радио Пела на меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски Рајче“

Пела Редакција

Од полноќ намалување на цените на бензините

Внимателно на Плетвар – видливоста намалена

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе