12.9 C
Прилеп
вторник, 6 мај, 2025
Пела Радио

Во спомен домот на Конески, Небрегово, одбележани три јубилеи

Во организација на НУ Завод и Музеј Прилеп со интерактивна манифестација денеска во Спомен домот на Блаже Конески во Небрегово беа одбележани три јубилеи: 80 години на македонска азбука, 20 години Спомен дом Блаже Конески и јубилејот 70 години Завод и Музеј Прилеп. Манифестацијата ја пренесе идејата за реалниот лик на Конески, со емотивно запознавање со неговите детски и ученички денови, доловена низ креативни, размислувачки игри и перформанси за најзначајните достигнувања во творештвото на Конески. Учество зедоа ученици и ментори од ООУ „Блаже Конески“- Прилеп, хорот при училиштето, а присутните ги поздравија Мимоза Христоска, директорка на НУ Завод и музеј – Прилеп, Мартина Пројческа, директорка на ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп.

„Македонскиот јазик е наш темел, наш завет и наш патоказ. Тој е живо сведоштво за нашата историја, култура и идентитет. Наша заедничка обврска е да го чуваме, негуваме и пренесуваме на идните генерации. Во духот на мислата на Конески: „Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, ќе ја имаме и татковината“, меѓу другото посочи градоначалникот Борче Јовчески, кој присуствуваше на манифестацијата.

Би можело да ве интересира

Одбележан 11 мај Денот на сообраќајната култура во Прилеп – Заедно можеме да создадеме побезбеден сообраќај за сите!

Гордана Цветаноска

Нелегална трговија со отпад на 4 локации во Прилеп

Пела Редакција

РК Прилеп на прагот да обезбеди опстанок во елитата

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе