20.8 C
Прилеп
вторник, 6 мај, 2025
Пела Радио

Македонија и Прилеп градот-херој во борбата против фашизмот

Во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Прилеп на 7 ми мај од 19 часот во фоајето на Центарот за култура Марко Цепенков ќе се одржи предавање на тема „Македонија и Прилеп градот- херој во борбата против фашизмот“.  Предавач е Рубинчо Белчески, историчар, кустос.

Настанот се организира во пресрет на 80 годишнината од  9 ти Мај Денот на борбата против фашизмот и Ден на Европа.

Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по полноќ, на 9 мај 1945 година. Со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе од 50 милиони животи.

Би можело да ве интересира

Под слоганот „Борбата трае“ ќе се одбележи Илинден – Премиерот доаѓа во Крушево на Мечкин Камен

Пела Редакција

Прилепските советници го изгласаа буџетот за 2021 година

Гордана Цветаноска

Потпишан договорот за реконструкција на улицата Леце Котески

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе