21.4 C
Прилеп
среда, 7 мај, 2025
Пела Радио

По протестите-скратен е рокот за реконструкција на двата моста од регионалниот пат Прилеп- Крушево

Се скратува временскиот период за реконструкција на двата моста на регионалниот пат кон Крушево кај селото Врбјани.  На денешниот состанок по барање на градоначалникот на општина Кривогаштани Никола Мискоски, со претставници од изведувачот Стентон Градба, надзорот и претставници од Јавното претпријатие за државни патишта е договорено градежните работи на два двата моста да завршат до 25 ти мај, наместо неколку месеци како што било предвидено. До тогаш сообраќајот на овој регионален пат ќе се одвива по локалната патна мрежа која ги поврзува селата Кадино село, Галичани, Боротино со Кривогаштани.

Од утре, четврток, 8 ми мај од 12 часот регионалниот пат се затвора за сообраќај во двата правци. На денешната средба по дводневните протести се изнајде заедничко решение со кое изведувачот Стентон градба треба да заврши со градежните работи на двата моста до 25 мај. Веќе од утре екипи на изведувачот ќе го тампонираат алтернативниот пат од Галичани до Кривогаштани со цел побезбедно одвивање на сообраќајот по таа алтернативна локална патна мрежа, рече Никола Мискоски, градоначалник на општина Кривогаштани.

Жителите на селата од општините Кривогаштани, Крушево и Прилеп кои секојдневно патуваат на овој патен правец подолго време трпат штети од долготрајните градежни работи кои започнаа минатата година. Без привремен алтернативен пат над 10 илјади граѓани не можат да ги обавуваат секодневните обврски, а за патување по постоечката локална патна мрежа во ризик е ставена нивната безбедност бидејќи станува збор за тесни и руинирани патишта.

Градежните зафати на мостовите меѓу селата Врбјани и Кривогаштани според планираното опфаќаат поставување на бетонски плочи и заврстување на „трупот“ од регионалниот пат кој што понира.

Реконструкцијата на дел од патната делница Прилеп-Крушево започна во јуни минатата година. Јавното претпријатие за државни патишта склучи договор со Стентон Градба „Санација на трупот на патот на Р1306, делница Прилеп – Крушево (Кај Славеј) во април 2024. Периодот кој што е предвиден за санација на овој регионален пат е според договорот е 36 месеци. Вредноста на склучениот договор со ДДВ е 88.498.657 денари или 1 439 000 евра.

Би можело да ве интересира

Иницијативата #sportistiprotivKorona успешна. Аплауз за спортистите

Елизабета Филипоска

Крушево вечерва будно за пожарите

Гордана Цветаноска

Утре (03.10 2024) без струја ќе бидат жителите од неколку прилепски улици

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе