17.2 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

(Видео) Петкоски: СДСМ е политички труп. Имаа повеќе од 7 години да реагираат, но како и секогаш – избраа да не направат ништо

По објава на ОО на СДСМ Прилеп (на т.н прес без новинари) дека објектот, некогашен “Работнички Универзитет – Прилеп“ е руина поради негрижата на локалната власт, советнкот при Советот на Општина Прилеп, од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата,  Влато Петкоски на прес конференција рече:

Настапот на СДСМ Прилеп денес беше уште една епизода од нивниот очаен обид да останат релевантни. Станува збор за бесрамно, дрско лажење и груба манипулација, со која не можат да ја покријат сопствената неспособност и злоделата од минатото. Наместо да држат пресови и да се бламираат пред јавноста, требаше да ѝ се обратат на нивната коалициска партнерка Марија Симоноска, која е член на Советот, која во моментот го раководи, a под нивна капа е повеќе од 8 години. Ако имаат нешто да кажат – нека ѝ го кажат в лице. Нема потреба да глумат опозиција кога се дел од истиот тој проблем. Во годините кога беа на власт, наместо со криминални тендери, сомнителни проценти и лични провизии, можеше да се вложи во санација и решавање на проблемите што денес ги користат за евтини политички поени. Но не – СДСМ секогаш избираа лични интереси, а не интереси на граѓаните! Да потсетиме: Марија Цветаноска – поранешна директорка на ЈП ПУП и мајка на актуелниот претседател на СДММ Прилеп, кој денес ја лаже и манипулира прилепската јавност, реализираше милионска набавка на автобуси, додека за санација и поддршка на нејзиниот коалиционен партнер Симоноска немаше ниту денар. Тоа е сликата за вистинските приоритети на СДСМ. СДС имаа раководен кадар во сите водечки институции и установи, како Болницата, Тутунскиот комбинат и останатите, кои презафатени со криминал и тендери, не најдоа време и начин да го решат проблемот со објектот за кој денес држат прес. Јасно е од денешната прес конференција дека незнаењето на СДСМ нема крај. Објектот за кој зборуваат е во сопственост на Република Македонија и е под надлежност на Министерството за образование и наука. Имаа повеќе од 7 години да реагираат, но како и секогаш – избраа да не направат ништо. СДСМ е политички труп. Распадната партија без визија и без поддршка. Во Прилеп нема што повеќе да бараат. И најважно: Прилепчани се свесни за штетата што СДС ја остави. Не потпаѓаат повеќе под нивните манипулации, лаги и евтини трикови. “ рече Петкоски

Би можело да ве интересира

СДСМ избира претседател – Венко Филипче единствен кандидат

Пела Редакција

(Видео) Прво обрајќање на новоизбраниот Пачешкоски во јавност, па кај најбројното гласачко тело, пензионерите

Елизабета Филипоска

Досега официјално 6 кандидати за претседател на гласачкото ливче

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе