16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Само две жени официјално кандидирани за градоначалник на Општина Прилеп

Засега, официјално во трката за градоналничката функција за Прилеп за претстојните Локални избори 2025, во Општинската изборна комисија  (ОИК)– Прилеп, својата кандидатура ја пријавија две жени – едната од СДСМ, Петра Лукароска, а другата, Павлинче Матеска, како независен кандидат.

Додека Лукароска повеќе од еден месец (кандидатурата објавена на 18 јули 2025 година) ја започна својата промоција на ФБ како кандидат за градоначалник, денеска и Матеска на својот профил објави дека се кандидира за градоначалникна Општина Прилеп и напиша:

Прилепчани и прилепчанки !!! Денес официјално ја започнав постапката за кандидат за градоначалник на Општина Прилеп предложена од група избирачи!! За транспарентно и одговорно работење !!! За подобрување на квалитетот на животот на сите жители!!! За развој на Прилеп !!!, напиша таа

Павлинче Матеска е дипломиран економист, вработена во локалната самоуправа, во Сектор за финансиски прашања, била член во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП,, Водовод и канализација” Прилеп по предлог на Советот на Општина Прилеп во 2021 година, била делегат на 17 Конгресот на ВМРО ДПМНЕ одржан декември 2021 година

Можноста со најмалку два потписа да се стане независен кандидат со право на учеството на локалните избори, ги поттикна граѓани како независни каднидати да земат учество на престојните локални избори 2025 г. Според роковникот на ДИК, рокот за собирање на минималниот број потписи за поднесување на кандидатури започнува да тече од 18 август и ќе трае 15 дена.

Што се однесува до владеачката партија, иако на социјалните мрежи се појавуваат имиња на двајца кандидат, официјално засега оваа партија нема објава на кандидатура за Прилеп.

Би можело да ве интересира

Се очекува Прилеп да добие двајца заменици министри

Пела Редакција

Зоран Пачешкоски е новиот претседател на ОО на СДСМ Прилеп

Левица отвори локален клуб во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе