18.3 C
Прилеп
понеделник, 12 мај, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО) Бајката стана реалност – Се пушти во употреба новата детска градинка во нас. Точила

Се пушти во употреба новата детска градинка во нас. Точила, наречена “Бајка“. Во неа ќе бидат згружени 218 деца, со што се анулира долгогодишниот проблем на згрижување на деца во јавните детски градинки и се намалува листата на чекање за згрижување на деца од предшколска возраст во јавните детски градинки.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечски, при ова официјално пуштање во употреба на детската градинка “Бајка“, на која се чекаше пет години за да биде ставена во функција,  најави дека наскоро ќе се гради уште една детска градина во  нас. „Рид“ , “за која веќе е обезбедена дозвола за градба“, рече тој. 

. „Планираме уште една детска градинка во нас.„Рид“ со која ќе биде минимизирана потребата од згрижување на деца во детски градинки во Прилеп. Веќе обезбедивме дозвола за градба.  А, кога оваа локална самоуправа го презеде мандатот, градинката во нас. Точила постоеше само како карабина од еден спрат, недовршена и нефункционална. Со посветена работа, денес пред нас имаме целосно завршен, опремен и функционален објект, во кој вложивме 133 милиони денари – средства целосно обезбедени од општинскиот буџет. Притоа, направивме доработка и адаптација на проектот – дополнителна изградба на трафостаница, изградба на ограден ѕид за безбедност, набавка на современи реквизити за игра и развој, како и целосно опремување на просториите според највисоки стандарди за предучилишна грижа и едукација. Оваа градинка не е само објект – таа е симбол на нашата посветеност кон децата, семејствата и иднината на Прилеп.„ рече Јовчески

Министерството за труд и социјална политика, демеографија и млади помогна во опремување на градинката со  9 милиони денари.

„ Стоиме и понатаму како министерство, во делот на опремувањето, да бидат купени дидактички средства, и не само за оваа градинка, туку и за сите градинки во Македонија“ рече заменик министерот за  труд и социјална политика, демеографија и млади, Ѓорѓи Велковски

Листата на чекање за згрижување деца во детските градинки во Прилеп е 300 деца.

Во моментов во градинката која има капацитет за 218 деца, ќе бидат згрижени 140, од 2 до 6 години. Има една јаслинска група и десет групи со деца од 2 до 6 години. Од утре и официјално започнуваме со работа. Со ова ќе ја намалиме листата на чекање, а по летните одмори планираме овој објект да работи со полн капацитет„ најави, директорката на детска градинка „Наша иднина“- Прилеп, Хрисина Трпческа.

Градинката првично беше проектирана на 110 милиони денари, а нејзиното конечно реализирање, достигна цена од 133 милиони денари, општински пари. На пуштањето на детската градинка во населбата Точила се чекаше 5 години. Градинката  се простира на површина од 5.030 квадратни метри. Објект има приземје и кат, функционално поделен, со 10 простории за занимални и три простории за детски јасли. Објектот има централно подно греење и ги исполнува современи стандарди за енергетска ефикасност.

Градинката започна да се гради април 2021 година.Тогаш локалните власти нагласија дека  за седум месеци од ден на започнување на градба , колку што наводно беше предвидено да трае изградбата на објектот, Прилеп ќе добие нова, современа и европска детска градинка, која ќе биде една од најубавите во државата.

Би можело да ве интересира

На што се должи посетата на министерот Николовски, реагираат од ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП

РК Прилеп уште еден натпревар го дели од сигурен опстанок во Супер лигата

Советот на Општина Прилеп утре ќе ја одржи 38 мата седница

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе