16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

МВР со детали за синоќешната сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

СВР Велес сподели официјална информација за сообраќајната несреќа од синоќа, на експресниот пат Прилеп – Градско, каде товарно возило удрило во банкините.

Синоќа околу 19:50 часот, во СВР Велес е пријавено дека на исклучокот од новоизградениот експресен пат Прилеп-Градско за приклучокот на автопатот А-Градско-Скопје, товарно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(41) од Скопје, удрило во метална еластична ограда и сообракајни знаци. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општа болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес, соопштија од СВР Велес. 

Синоќа во периодот од 20:10 часот, до утрово до 01:20 часот, патничкиот и товарниот сообраќај на новоизградениот експресен пат беше во прекин, а сообраќајот  беше пренасочен по регионалниот пат Градско -Росоман.

Би можело да ве интересира

Полицијата фати дрвокрадци

Запленети 7480 пиротехнички средства во Прилеп, приведено едно лице

Ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во општина Кривогаштани, крадецот „фатен на камера“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе