30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Полицијата фати дрвокрадци

На 24.10.2023 од страна на полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп на патниот правец кон Вештачко езеро, непосредно пред место викано „Стар присад“, затекнати биле М.Р.(29) и Р.В.(42) двајцата од Прилеп со две запрежни возила натоварени со бесправно исечени огревни дрва од околу 1.5 м3,  како и една моторна пила. Дрвнатата маса и моторната пила биле одземени и предадени на Национални шуми-ПСШ-Црн Бор Прилеп.  При постапувањето како и обиколка на теренот во место викано „Студенец“ пронајдени биле и 8м3 дабови и букови дрва при што известени биле Шумска полиција и „Национални шуми-ПСШ Црн Бор-Прилеп“ за понатамошно постапување.

Би можело да ве интересира

Дали и како ќе се регулираат новите медиуми (социјалните мрежи) на македонскиот пазар?

Како настана пожар во базната станица, долненско, на оператор А1?!

Николоски најави целосно автопатско поврзување на главниот град со Пелагонија – oд Скопје до Прилеп за час и 10 минути

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе