16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

УХМР издаде предупредување за силен ветер за понеделник, 26 мај

Управата за хидрометеоролошки работи за утре, понеделник 26 мај,  издаде предупредување за силен ветер од северен правец, особено долж Повардарието кое ќе се движи и до 70 километри на час.

Во поголем дел од земјата утре времето ќе биде ведро и посвежно,особено во утринските часови.

Минималната температура ќе биде од 3 до 11 степени, а максималната од 16 до 24 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постојан пораст.

Овие невообичаени временски прилики  се одразуваат и врз земјоделските култури и секојдневните активности на земјоделците, со оглед на тоа што мај е месец кога вообичаено започнуваат поинтензивни земјоделски работи и активности на отворено.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Најважно ни е да направиме две/три соби да се прибереме заедно, како што си бевме

Пела Редакција

Прилеп: 4 оздравени, а 3 нови случаи заразени од корона вирус

Денеска се одбележува Светскиот Ден на радиото

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе