7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Градоначалниците на општините Новаци и Могила во официјална посета на Република Турција

На покана на градоначалничката на Град Ајдин, Озлем Черчиоглу и Здружението на иселениците од Македонија во Ајдин, градоначалниците на оштините Новаци и Могила, Љубе Кузманоски и Јасмина Гулевска се во официјална посета на Република Турција.
Градоначалниците во рамките на работната посета, остварија средба со раководители од општина Ајдин со кои што разговараа за меѓуопштинска соработка во делот на образованието, културата и туризмот.
Во текот на посетата градоначалниците остварија средба со градоначалникот на Општина Караџасу, Мустафа Бујукјапиџи на која што средба беше договорено збратимување на општините и заедничка соработка и реализација на проектни активности.
„Македонија развива добрососедски и братски односи со Турција, иселениците од Македонија во Турција и турците во Македонија се мостовите на братство меѓу двата народа и двете држави. Сакаме и натаму да ги развиваме и унапредуваме односите меѓу двата народа и двете земји, како придонес во билатералните односи и во продлабочувањето на мирот и безбедноста во регионот и овој дел од светот и Европа.“ – изјави Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.
Во рамките на посетата градоначалниците на општините Новаци и Могила имаа можност да го посетат туристичкото место Памуккале, како и познатата Саат кула во градот Измир.
Градоначалничката на општина Могила, Јасмина Гулевска истакна дека грижата за сопственото иселеништво денеска е европска и цивилизациска вредност, а во многу држави – членки на Европската унија таа грижа е поставена и како уставна категорија. Токму затоа, ние ќе продолжиме оваа европска и цивилизациска вредност постојано да ја развиваме и надополнуваме, како преку нормативното уредување, така и со конкретни политики и проекти, истакна Гулевска.
Наредните денови според протоколот, градоначалниците на оштините Новаци и Могила ќе остварат средба со градоначалничката на Градот Ајдин, Озлем Черчиоглу како и со градоначалници на оштини кои што спаѓаат под Град Ајдин. Исто така ќе се одржи состанок со лица од бизнис секторот пред кои што ќе бидат презентирани можностите за инвестирање во општините Новаци и Могила. Во рамките на посетата градоначалниците ќе присуствуваат на 18. фолклорен и музички фестивал кои што го организираат иселениците од Македонија во Турција, и истиот ќе се одржи во туристичкото место Кушадаси и градот Ајдин.

Репортер од Турција – Мартин Николовски

Би можело да ве интересира

Во Крушево ќе се одбележува роденденот на Тоше

Синдикалците за празникот ќе маршираат разединети

Гордана Цветаноска

Николоски: Од Прилеп му порачуваме на ДУИ, претседател на Македонија се бирало, се бира и ќе се бира од граѓаните на непосредни избори

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе