16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Оперативниот план за вработување 2025 претставен во Прилеп

Во големата сала на Општина Прилеп денеска се одржа првиот информативен ден и презентација на Оперативниот план за вработување за 2025 година. Пред голем број заинтересирани граѓани, претставници на бизнис коморите, младински организации и здруженија на занаетчии, беа претставени мерките и активностите од планот со кој што се предвидуваат 40 милиони евра за поддршка на вработливоста и за поттикување на развојот на стопанството.

  • Овој Оперативен план предвидува 7,5 милиони евра повеќе од претходниот. Ќе бидат опфатени 16 500 лица кои ќе бидат вработени, претежно млади луѓе. Целта е да му се даде шанса на младите луѓе и да се намали одливот на млад работен кадар од Република Македонија. Планирани се голем број мерки и подмерки, новитети. Една од најатрактивните е самовработувањето, при што зголемени се средствата: за лица над 29 години зголемени се за илјада евра, односно од 6 на 7 илјади евра, а додека за млади до 29 години се зголемени од 6 на 10 илјади евра. Новитет е и тоа што младите можат да се здружуваат и да добијат 20 илјади евра, а лицата над 29 години да добијат 14 илјади евра за самовработување доколку се здружат. Предвидени се голем број на обуки за младите и невработените лица да бидат поконкурентни на пазарот на трудот, рече Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Агенцијата за вработување со сите 30 центри во Македонија се подготвени за реализација на Оперативниот план.

– Првите огласи ќе бидат објавени во наскоро време по добивањето на мислење од Комисијата за заштита на конкуренцијата од кога ќе се реализира со предвидената динамика. Ги повикувам заинтересираните да се информираат во центрите за вработување или на официјалната страна на АВРМ, рече Весна Пешева, заменик директор на Агенцијата за вработување.

Во програмата на Оперативниот план вкучена е и Агенцијата за поддршка на претприемништво.

– Агенцијата за поддршка на претприемништво е вклучена во реализација на активностите на Оперативниот план и тоа во поддршката за самовработување преку вауческиот систем на советници кои што ги има Агенцијата за претприемништво. Оваа година за прв пат Агенцијата си ја зема обврската да ги земе и обуките за претприемништво како и менторството, рече Даниела Димовска, ВД директор на Агенција за поддршка на претприемништво.

Со состојба на 30 април 2025 година регистрирани се над 94 000 активни баратели на работа од кои 17 отсто се млади до 29 години. Дефицитарни кадри се производните и услужните дејности, градежни и машински инжинери, техничари и други занимања и професии.

Би можело да ве интересира

Ќе се снимаат собраќајните прекршоци и ќе се казнуваат прекршителите – стартува пробниот период за системот „Безбеден град“

Пела Редакција

Вонредна временска прогноза – Македонија во портокалова фаза

На нашиот сограѓанин Тони му е потребна помош во битката со болестите!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе