16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Ќе се прска против комарци во Општина Кривогаштани – пчеларите да внимаваат!

Врз основа на одлуката на ЕЛС – Кривогаштани за спроведување на превентивна систематска дезинсекција, Центарот за јавно здравје – Прилеп информира дека на ден 23.06.2025 год. во периодот од 21, оо до 04, оо часот на територијата нa Општина Кривогаштани, екипата од Центарот за јавно здравје- Прилеп ќе спроведува адултицидната теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци.
Дезинсекцијата ќе се изведува со УЛВ-апаратура за ладно замаглување поставена на пикап возило со претходница на друго возило означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени следните населени места и локации:
Врбјани, Годивље, Крушеани, Обршани, Бела Црква, Пашино Рувци, Н.м-Боротино, Славеј, Кривогаштани, Депонија, Блато река, Пречистителна станица, Пилана, Резервоар, попатни канали и шамаци и места со стоечки води.
Со цел избегнување на евентуални несакани последици се информираат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар,дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.Доколку граѓаните не се придржуваат на горенаведените превентивни мерки ЦЈЗ – Прилеп се оградува од секаква одговорност од појава на несакани последици.

Би можело да ве интересира

ИЗЛОЖБАТА ЗА „ЧЕНТО“ НА ПЛОШТАДОТ „ЧЕНТО“

Денeска ден на жалост во Бугарија, Србија и БиХ во знак на солидарност со земјава по трагедијата во Кочани

(Видео) Три дена беснее шумскиот пожар во крушевско

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе