16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Машка слика и градоначалничко “мачо натпреварување“ – само 3 жени од засега 74 предложени кандидати

(До 09.07 2025 г) Од 74 кандидат – меѓу нив САМО 3  жени – И, на овие локални избори граданачалничката позиција ќе биде САМО “мачо натпреварување“ ?!

До денеска, (09.07 2025 г.) за претстојните локални избори во октомври, објавени се имиња на 74 кандидати за градоначалници. Најмногу ги има од ВМРО ДПМНЕ 40 кандидати, 30 СДСМ, по еден кандидат, движењето ЗНАМ и Алијанса.

И, актуелните градоначалници се во трка по нови мандати. Од 40 досега предложени кандидати од ВМРО ДПМНЕ, дури 30 се актуелни градоначалници кои ќе влезат во изборната трка за нов мандат. Пред четири години СДСМ победи во 16 општини, а од нив досега во шест општини им е дадена поддршка на актуелните градоначалници, (плус, еден поранешен).

Интересно е што ниту еден пратеник,  засега, не претендира да се пресели во локалната власт.

ТЕ БИДУВА ЛИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК АКО СИ ЖЕНА?!

А, она што остава исто така впечаток, е што  досега за претстојните локални избори барем од досегашните објави за кандидати што влегуваат во изборната трка, има место само за „мачо натпреварувачи“. Од 74 предложени кандидати за градоначалник од партиите, засега, само три се жени. Овие три доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ засега, единствени жени – кандидатки за градоначалнички. Од владејачката е Наталија Димитриева за Демир Капија, а другите две се од редовите на социјалдемократите – Мариче Кармазичева за Босилево и Љупка Соколовска за Карбинци.

Иако, постојано се претендира родова рамноправност во политката, квота за родова застапеност,  (четири кандидати од еден пол и шест кандидати од друг пол) се потврдува постоечкиот тренд на политичката македонска сцена, кога се во прашање лидерски функции, дека политката е исклучиво „машка професија“. Колку ваквата констатација да е неразумна, речиси важи за сите изборни циклуси во Македонија.

ЗОШТО (НЕ) „МЕШАНА“ СЛИКА ?!

Досега во „оправдувањата“ на партиите за малиот број кандидирани жени за градоначалнички, како примарна се сметаше нивната наводна незаинтересираност за учество во креирањето на јавните политики на локално ниво. На второ место беше рангирано непостоењето на политичка волја за вклучување на жените во политичкиот живот, на трето – непостоење на организирано женско делување за подобрување на состојбата на локално ниво, и како последно – стереотипите за местото и улогата на жената особено во руралните средини. Имено, сѐ уште преовладува мислењето дека местото на жената е во домаќинството и во посветеност на грижа за семејството, додека јавните работи во заедницата се одговорност на мажот.

На последните  локални избори 2021 година од 301 кандидат за градоначалници, само 25 беа кандидати жени.

Инаку, Локалните избори 2025 година треба, формално да ги распише претседателот на Собранието, Африм Гаши. Најавите се дека тоа ќе се случи во првата работна недела од август, но датумот сè уште не е официјализиран. Ист е случајот и со датумот на изборите, иако премиерот Мицкоски, најави дека тоа би бил 19 октомври. Кампањата, пак, ќе започне 20 дена претходно.

 

Би можело да ве интересира

„Пар распар“ на Театар Комедија, „Слепци“ на Турскиот театар и независната „Казабалкан“ денес на „Чернодрински“

Македонка избрана за градоначалник во општината Вителси,Мелбурн

Погледнете! ГУЛАБОТ КАКО ДА ЈА НАЈАВИ БОЖЈАТА СВЕТЛИНА

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе