26.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Прогласена е кризна состојба во земјава од 30 дена поради зголемeна појава на пожари

Прогласена е кризна состојба во земјава поради зголемана појава на пожарите, во траење од 30 дена, соопшти Владата. Одлука е донесена по денешните состаноци поради сложеноста на теренот, високите температури, силните ветрови и ризикот за животната средина.

Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејстување на сите надлежни институциа: Армијата, полицијата, противпожарната заштита, Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и локалните самоуправи, истакнаа од Владата.

„Ќе се мобилизираат сите ресурси, човечки, технички, логистички, со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението“, кажа порпаролот, Марија Митева.

Таа рече дека Владата ќе обезбеди итна и навремена помош за сите засегнати подрачја заради спречување поголеми последици.

Според ЦУК, активни пожар во општина Прилеп е кај с. Бешиште  каде веќе 10 дена гори мешана шума и има опасност од неексплодирани гранати од Војните,што го прави гаснењето отежнато.

До 12.30 часот во дражавата регистрирани се 10 пожари на отворен простор, од нив активни се девет, а еден е локализиран, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Би можело да ве интересира

Ладна вечер во Македонија: Плетвар магливо – температурите веќе паднаа под нулата

Пела Редакција

Јунаците од серијата Зоки Поки снимија спот за Риско на Витаминка

Бурекџилница “Калимеро” Ве поканува!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе