16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Пари за водоснабдување и енергетска ефикасност ќе им и за Прилеп преку владината финансиска поддршка

Општина Прилеп со 14 проекти аплицира за владината финансиска поддршка, средства кои треба да бидат искористени за капитални проекти, за поддрша и развој. Од 140 проекти од општините, насочени кон заштита на животната средина за нови канализации, водоводи, пречистителни станици и енергетски ефикасни системи, Прилеп, во овој дел, понуди 6 проекти.

Ова го најави директорот на ЈКП Водовод и канализација Прилеп, Игор Гулабоски, посочувајќи дека од проектите насочени кон животната средина, канализациони мрежи, водоводи, пречистителни станици, мерки за енергетска ефикасност, зелени површини , 6 проекти се за Прилеп кои се насочени за ЈКП Водовод и Канализација. Дел се за подобрување на водоводната мрежа,  дел за енергетска ефикасност, наведе тој.

Еден од проектите е инвестирање во водоснабдителен систем во нас. место Селце, на потегот од излезот на Прилеп на патот кон манастирот Св Димитрија,  каде што од левата страна веќе се формира населба во вид на индустриска зона,  кому им е потребена подобра водоснабденост, а  со тоа ќе добие вода од “Студенчица“ и манастирот, бидејќи водоводниот систем ќе биде поврзан до овој правослевен објект. Со тоа за прв пат и манастирот ќе добие вода од „Студенчица“. А, вториот проект е за целосно водоснабдување на манастирот „Св Петка“ и  с. Лениште. Каптажата се наоѓа над самиот манастир во планинскиот предели и таа вода ќе врви низ село Лениште, ќе бидат поврзани активните куќи се до Леншки мост. Еден од проектите е наменет и за енергетска ефикасност, поставуавње  фотовотаци на пречистителна станица, што ќе овозможи енергетска штедливост на овој објект од витално значење за Прилеп. Сите 6 проекти се предвиден да започнат со реализација  оваа 2025 година. Во моментов очеуваме потпишување на договрите со надлежните министерства’ , вели Гулабоски

 

Би можело да ве интересира

Пачешкоски: За 10 дена издадени 4 600 „бели картони“ во Прилеп и Кривогаштани

Петровска, Филипче и Деспотовски се кандидираа за претседател на СДСМ

Универзитетскиот ансамбл „МАКЕДОНИЈА“ гостува во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе