30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Армијата се вклучи за справување со пожарите, во Владата ќе заседава кризниот штаб

Ангажманот на припадниците на Армијата следи по прогласувањето кризна состојба од  Владата.

„Генералштабот на Армијата ќе го одреди начинот на нејзиниот ангажман. Претседателката е во тек со состојбата со пожарите и изразува загриженост и сочувство со засегнатите сограѓани“, соопшти нејзиниот кабинет.

Поради сериозноста со пожарите во Владата вечерва ќе заседава кризниот штаб поради состојбата со пожарите во земјава. Со кризниот штаб ќе претседава премиерот Христијан Мицкоски.

Владата вчера донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на пожари.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Амбулантата за физикална медицина се поднови со 3 модерни апарати

(ФОТО-ГАЛЕРИЈА) Отворени денови за деветтодделенците во прилепските средношколски центри

Пела Редакција

Фатени двајца како подметнуваат пожар-казни за движење низ шума

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе