16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

МВР бара 150 полицајци

Министерството за внатрешни работи објави јавен оглас за прием на 150 униформирани полициски службеници, кои ќе бидат распоредени во Секторот за внатрешни работи Скопје.

Заинтересираните кандидати треба да имаат завршено четиригодишно средно образование, да се државјани на Република Северна Македонија и да не бидат постари од 25 години. Потребна е и добра физичка подготвеност и висина од најмалку 170 см за мажи и 160 см за жени. Кандидатите не смеат да бидат членови на политичка партија.

Селекцијата ќе се спроведе низ неколку фази: административна проверка, физички тестови, психолошко и писмено тестирање, интервју, безбедносна проверка и здравствени прегледи.

Пријавувањето се врши лично во секторите за внатрешни работи низ државата, а рокот за аплицирање е 15 дена од денот по објавувањето на огласот.

Избраните кандидати ќе поминат едногодишна обука во Центарот за обука на МВР, по што следи вработување како полицаец-приправник со обврска за останување во службата најмалку пет години.

Би можело да ве интересира

Љубојна со концерт под Градскиот Саат во Прилеп

(ВИДЕО)Услугата нега и помош во домот стана дел од системот за социјална заштита

(ВИДЕО) СОУ „Ристе Ристески Ричко“ широка лепеза од струки, занимања и професии за идните средношколци

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе