30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилепските Пратеници ќе бараат законски да не се увезува тутун додека не се откупи домашното производство

Прилепските пратениците најавуваат измени на Законот за тутун и производи од тутун. На средба со министерот за земјоделие Цветан Трипуновски, па објавија на Фејсбук , пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп – Петар Ристески, Билјана Кузманоска и Дејан Проданоски пишуваат дека договараат измени и дополнувања на Законот за тутун, за да не може да се увезува ситнолисен, ориентален тутун додека не се откупи домашно производство.

Според објавата на пратеникот Ристески, на средбата со министерот Трипуновски пратениците разговарале за состојбите во земјоделството и предлагање на законски решенија, пратеничаката Кузманоска, на својот фејсбук профил, за истата средба, објавила дека договорт со министерот е да се има сигурен откуп и фер цени за тутунарите, а пратеникот Дејан Проданоски, за овва средбата со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски напиша дека покрај разговоор за Законот за тутун, било дискуситирано и за предизвиците и можностите за унапредување на земјоделството во нашата земја.

Би можело да ве интересира

Кaко да се заштитиме од лажните информации?

Кога ќе заврши реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“ ?

Поради топлотниот бран Општина Прилеп ги ослободи од работни обврски бремените жени и лицата над 60 години

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе