2.3 C
Прилеп
сабота, 21 декември, 2024
Пела Радио

Над 1 100 барања доставени во Општина Прилеп за проценка на штетите од невремето на 23 јули

Комисиите на терен, а за земјоделците денеска – последната шанса да ги пријават штетите од невремето што ја зафати Општина Прилеп на 23 јули. Според предвидениот рок, денеска до 15 часот и 30 минути, земјоделците во архивата на Општината можат да ги пријават штетите врз земјоделските посеви и насади од временската непогода од град и ветер што зафати делови од атарите на повеќе населени места.

Според претседателот на општинската комисија Жарко Северкоски досега се доставени илјада и 100 барања за проценка на штетите. Советот на Општина Прилеп формираше 3 стручни комисии кои секојдневно се на терен за проценка. Од досегашните сознанија, штетите над земјоделските култури се движат од 70 до 90 отсто, а најпогодени се земјоделските површини во атарите на селата Мало и Големо Коњари и месноста викана Орде Чопела, а зафатена е вкупна површина од над 600 хектари, со над илјада земјоделски стопанства. Најмногу штети претрпеа насадите под тутун и пипер.
Според правилникот, општинските комисии за проценка на штетите од невремето на 23 јули, треба да завршат со проценката на терен во рок од 30 дена од завршување на пријавувањето, т.е од денеска.
По изготвување на збирниот извештај, односно елаборатот, истиот треба да се достави до Владата и до Советот на Општина Прилеп, па потоа согласно можностите на Буџетот и финасиската кондиција на општинскиот буџет ќе се издвојат средства за обештетување на земјоделците кои претрпеа штети. Како што на последната седницата на Советот истакна градоначалникот на Прилеп, Јованоски, во буџетот на Општина Прилеп не постои ставка, која предвидува исплата на средства за штети на земјоделски површини, па затоа исплатата ќе се изврши со пренамена на буџетски средства.

Би можело да ве интересира

Николоски: Очекуваме референдумска излезност на 8 ми мај!!!

Пела Редакција

Технологијата во служба на негување на традицијата (ФОТО+ВИДЕО)

Пела Редакција

Во целосен прекин регионалниот пат Прилеп – Градско, причината е сообраќајка

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе