16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

СТАРТУВА НОВИ ЕУ СИСТЕМ ЗА ГРАНИЧНА КОНТРОЛ -ДИГИТАЛЕН СИСТЕМ ЗА ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ВО ЕУ

Оние кои немаат европски пасош ќе мора да ги почитуваат новиот дигитален систем за влез и излез во ЕУ, особено они кои сакаа преку Хрватска да патуваат во ЕУ, бидјеќи таа прва ќе го воведи ЕЕЅ системот на своите граници.

Од 12 октомври 2025 година, Европската Унија воведува нов дигитален систем за влез и излез (EES) кој ќе го замени претходното печатирање на пасошите. Оваа промена важи за сите граѓани на земји кои не се членки на ЕУ. И, наместо печати во пасошот, патниците ќе бидат подложени на биометриска идентификација – фотографирање на лице, земање отпечатоци од прсти и дигитална регистрација на лични податоци и информации за патување.

Од државите кои се членки на ЕУ во регионот, Хрватска е првата што го воведува EES на своите граници кон Србија и Босна и Херцеговина. Па, ова значи дека од 12 октомври, сите патници од Србија и Босна и Херцеговина кои влегуваат во ЕУ, преку Хрватска, ќе поминат низ нова постапка. Покрај EES, ЕУ го воведува и системот ETIAS. Со ETIAS, патникот аплицира онлајн, плаќа такса од 20 евра, а одобрението важи три години.

Со EES, регистрацијата се врши секој пат кога ќе влезете во ЕУ, но не мора да плаќате ништо.

Новиот систем е планирано да се воведува постепено во текот на шест месеци. По тој период, печатите во пасошите повеќе нема да постојат – сите податоци ќе бидат дигитално евидентирани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО + ФОТО) Прилепска новогодишна приказна – сите уживаа во звуците на големите музички хитови

Чествување по повод 119 години од битката кај Маргара, с.Чаниште

Во спомен на Благоја Ристески Платнар, роден на денешен ден

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе