16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

„Петок во пет“ во Прилеп со инспиративни приказни и нови идеи

Овој петок мрежата на идеи, луѓе и промени,  насловена „Петок во пет“  каде  се слушаат моќни приказни и ќе се раѓаат нови идеи, ќе се одржи во Прилеп на Тениски.

На четвртото издание ќе се чујат инспиративните приказни од: Вон. проф. Христијан Ѓорески – визионер и истражувач во полето на вештачката интелигенција и машинското учење, чија работа ја носи Македонија на светската научна мапа,  Проф. д-р Ана Стојаноска – признат театролог и писателка, чија страст кон драмата и театарот ја претвора во уметност што инспирира генерации студенти и љубители на сцената. и на д-р Самоил Самак – лидер во современите композити и роботика, генерален директор на „Микросам“, компанија што е симбол на македонската технолошка иновација.
„Петок во пет“ е мрежа на школата за лидери на поранешниот претседател на Македонија. Иванов Алумни асоцијација (ИСЛАА)

Би можело да ве интересира

Тутунарите протестираат – сообраќајот на Плетвар во застој до 16 часот

Без струја во утрешниот ден неколку улици од Тризла

Едно одделние деветтолетка во целосна изолација поради ковид

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе