15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Проданоски, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ в петок пред граѓаните – носител на Советничка листа Д-р Билјана Кржеска

Преземено ФОТО од ФБ страната на лицето

За општина Прилеп, носител на советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ е д-р Билјана Кржеска –  специјалист гинеколог во прилепската болница и раководител на Одделението за гинекологија и акушерство. Таа објавувајќи ја кандидатурата, се заблагодари на довербата што и ја даде партијата.

В петок, 12.09.2025 на камената бина во центарот на Прилеп, официјално ќе биде промовиран и кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, како и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.

На полноќ завршува јавниот увид во податоците од Избирачкиот список за Локалните избори 2025, а два дена подоцна, на 13 септември на полноќ, завршува и рокот за доставување на листите за кандидати за градоначалници и за советници до општинските изборни комисии (ОИК).

Би можело да ве интересира

Крстески: Екипите на светиниколскиот турнир ќе имаат феноменални услови за надигрување (ВИДЕО + ФОТО)

Одбележана 120 годишнината од смртта на Методија Патчев

Општина Прилеп субвенционираше 395 граѓани кои купија велосипеди

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе